Соблечете се голи и напијте се кафе - неколку едноставни совети за продолжување на животот

Ви презентриаме неколку совети за долг живот изнесени во книгата A Short Guide To A Long Life - од најдобрите онколози. Прочитајте ...

Соблечете се голи и напијте се кафе

Дали некогаш сте размислувале кога сте сами дома и имате апсолутна приватност, да останете голи барем 15 минути после туширање? Научниците велат дека е добро ако барем еднаш во месецот се напиете кафе потполно голи. Ви звучи откачено, но кога сте опуштени и телото е голо можете без посебен напор да ги забележите промените на вашето тело, односно било какви проблеми на кожата или слузокожата, вклучувајќи ги и половите органи. Тие велат ако ова често го практикувате ќе имате поголем увид во состојбата на вашата кожа, што ќе допринесе за навремена реакција ако забележите некакви промени како што е на пример промена на бемка. А што се однесува до кафето, тоа делува многу поволно и антиканцерогено ако се пие во умерени количини. Па, на вас ви останува следниот пат кога ќе останете дома сами и завршите со туширање, останете голи барем додека да се напиете кафе, разгледајте го вашето тело пред огледало или додека лежите. Обрнете внимание на бемките или другите промени. На овој начин ќе почувствувате како е да се ужива во сопствената кожа, бидејќи повеќето од нас забораваат. Без разлика дали сте маж или жена ова се два чекори за продолжување на животот.

Високите потпетици оставете ги во плакарот

Не мора да се откажете, но треба навистина да го редуцирате носењето на високи потпетици. Сигурно ќе си речете дека зборуваме за болки во стапалата, но во контекст на насловот, мораме да кажеме дека научниците предупредуваат: Тесните и високи обувки прават воспаленија на крвните садови на нозете, што последователно иницира ризик од многу заболувања, а исто така и од канцер. Затоа, помалку високи и тесни потпетици, значат помал ризик од хронични заболувања.

Хранете се во исто време

Не е толку важно што ќе јадете колку што е важно тоа да е навремено и да е умерено. Прескокнувањето на оброк го пореметува организмот, ги пореметува хормоните и целиот метаболизам. Затоа без многу објаснување можеме да кажеме, ако сакате долг и здрав живот хранете се секој ден во сито или приближно исто време.

Избегнувајте витамински суплементи

Истражувањата покажале дека доколку сте здрави, витаминските суплементи не само што се бескорисни туку и го зголемуваат ризикот од некои заболувања, вклучувајќи и некои типови рак. Старите луѓе години наназад не земале синтетички витамини, но успевале да живеат и по 100 години без канцер. Суплементите се добри доколку ви бидат препорачани поради некоја состојба, во спротивно не ги консумирајте.

Чувајте деца

Ако имате повеќе деца, на психолошко ниво вашиот живот ќе биде по димамичен и ќе бидете расположени и ведри и во стараоста, што со сигурност ќе влијае добро на вашето здравје и ќе имате подолг живот. Децата го продолжуваат животот, ова не е само поговорка туку вистина.

Смејте се

Сигурно ќе кажете како, не можам да се смејам без потреба. Но, комедиите, смешните клипчиња и моменти, докажано го продолжуваат животот. Па ако ви е досадно искористете го интернетот за продолжување на животот, гледајте комедии и се она што може да ве насмее, опушти и да ве одалечи од грижите


 

www.doktori.mk, 05.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил