Доктори.мк | Седум причини зошто оргазамот е добар за здравјето и на двата пола | Sedum-pricini-zosto-orgazamot-e-dobar-za-zdravljeto-i-na-dvata-pola | Портал за медицина и здравје

Седум причини зошто оргазамот е добар за здравјето и на двата пола

Доживувањето оргазам е врв на задоволство и кај мажот и кај жената. Важно е да се напомене дека доживувањето оргазам е навистина нешто волшебно за нашето здравје. Зошто? Еве седум причини кои ќе бидат доволни за да се уверите ...

Лек за настинка

Др. Алисон Ричардсон вели - нема овошје ниту лек ниту постапка која ќе може да потикне создавање на толкава количина на имуноглобулини А, од доживувањето оргазам. Редовното доживување оргазам силно штити од сезонски грип и воспаленија.

Лек за психа

Редовното доживување оргазам е причина за добро расположение, статистиката покажала дека оргазмот превенира депресија и го намалува ризикот од суицид.

Превенција од рак на дојка

Стимулација на брадавиците и оргазмот се силни инхибитори на карциногензата во градите велат научниците. Затоа слободно можеме да кажеме дека честото доживување оргазам штити од рак на дојка кај жените, но и кај мажите бидејќи и тие имаат ризик од рак на дојка.

Оргазмот ја намалува тежината

Целиот сексуален акт, особено оргазмот имаат влијание во согорување на калории. Научниците велат дека доживувањето оргазам 3-5 пати неделно е одличен начин за да се изгубат калории.

Оргазмот лек за несоница

Ако имате проблеми со спиењето, сексот и оргазмот се одлично решение. Без да навлегуваме во детали, сите што пробале знаат дека после доживувањето оргазам лесно се заспива и убаво се спие.

Крај за главоболката и грчевите

Ендофринот кој се испушта при оргазмот има анелгетска моќ. Ја смирува болката, потикнува чувство на задоволство и ги намалува грчевите.

Оргазам за концентрација

Добра оксигенација на мозокот поради оргазам е причина што слободно можеме да кажеме дека мозокот подобро работи по оргазам, Ако не ни верувате, слободно пробајте ... 

www.doktori.mk, 04.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил