Стресот-главен виновник за зголемена телесна тежина

студент по медицина

Стресот го афектира скоро секој поединец на 21-от век. Претставува главен виновник за многу болести со кои се соочуваме во денешно време,особено нарушувања на хомеостазата на организмот. Како една од најчестите секако претставува зголемената телесна тежина. Се наметнува прашањето дали постои корелација? Каква е поврзаноста на стресот со вишокот килограми? Дали постои нивна меѓусебна зависност и ако постои која е таа?


Проблемот лежи во ендокриниот систем. Мајорна причина се хормоните. При стресни ситуации, се активира хипоталамо-хипофизна врска. Се ослободува CRH од хипоталамус кој го стимулира излачувањето на ACTH од хипофизата којшто гo помага индуцирањето на кортизол од страна на медула на бубрежни жлезди.

Првенствено високи нивоа кортизол го намалуваат апетитот, но тие ефекти имаат обратен ефект при долготраен процес. Ако веќе подолго време се соочуваме со стрес, нашиот организам,како начин на адаптација и справување со големата доза на стрес, најчесто посегнува по храна со големо количество на прости шеќери и масти,првенствено со цел да се инхибира стресната ситуација или т.н емоционално јадење. Тоа пак,има контраиндикации врз нашето тело затоа што не се искористуваат во целост, туку само се акумулираат во вид на масно ткиво. Но стресот не запира туку продолжува со своето дејство. Со порастот на стрес, расте и количеството на продуциран кортизол и се повеќе и повеќе се зголемува. Примарно страда највулнерабилниот дел-пределот на абдоменот, којшто претставува центар за акумулација на масно(адипозно) ткиво.

Секундарни контраиндикации се манифестираат на циклусот сон-будност. Стресот доведува до помалку сон. Нарушувањето на сонот, од друга страна пак, го ослободува грелинот којшто претставува хормон на глад. Индуцирајќи го, тој се отпушта во крвната цирукулација и предизвикува чувство на глад дури и кога не е потребен внес на храна, резултирајќи со зголемена телесна тежина. Можеби се чини дека не може ништо да се стори во врска со стресот,но дали можат некако сите тие несакани ефекти да се намалат? Како може сето тоа да се редуцира?


 Најпрво, идентификувајте ги мајорните причини кои предизвикуваат стрес. Всушност, едноставна реализација дека Вие го контролирате вашиот живот, ќе ви помогне во подоброто менаџирање со стресот. Справувањето со стрес ќе ви помогне полесно да ги совладате Вашите емоции, да поседувате подобра организација во текот на денот и да го подобрите начинот на кој Вие се справувате со проблемите кои ги носи Вашето секојдневие. Пробајте. Вашето тело ќе Ви биде многу благодарно ако успеете во тоа.



Less stress. Less weight. Моre self-confidence.More happiness

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

дознајте повеќе за Корнелија Ѓорѓиеска

www.doktori.mk, 01.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина