Гојазност - една од најчестите причини за појава на опасни болести

студент на медицина

Обезност или гојазност е состојба која многу често се среќава во модерното време. Таа треба многу сериозно да се сфати бидејќи може да предизвика разни проблеми, како што се проблеми со срцето, дијабет, хипертензија, карцином и многу други. Добра вест е што гојазноста се третира и доколку се вложи труд оваа состојба може да се надмине.

Дали сте гојазни ?

Гојазноста се дијагностицира според индексот на телесна маса. Истиот се калкулира кога тежината ќе се подели со квадратот на висината.

Група луѓе со доста развиена телесна мускулатура можат да преминат во групата обезни според индексот на телесна маса, иако немаат зголемени маснотии. Ако мислите дека сте гојазни, обратете се кај вашиот лекар за совет.

Причинители за гојазност

Несоодветни диети и навики за исхрана

Доколку го прескокнувате доручекот, јадете брза храна, храна со голем број калории, јадете прекумерни порции храна и пиете калорични пијалоци доцна во ноќите, ќе придонесете за зголемување на телесната тежина.

Недоволно спиење

Ако недоволно спиете, можете да предизвикате промени во хормони кои го покачуваат апетитот а со тоа да предизвикате тежнеење кон калорична храна.

Неактивност

Истата причинува помалку согорувени калории. Со ваквиот начин на живот, ризикувате да станете гојазни. Затоа, вежбајте и извршувајте ги нормалните дневни активности.

Медикаменти

Некои медикаменти исто така можат да предизвикаат гојазност, ако не компензирате со соодветни вежби или активности. Пример за такви медикаменти се антидепресиви, антипсихотици, стероиди, медикаменти за дијабет и бетаблокатори.

Фактори на ризик

Животен стил на семејството

Обезноста најчесто доаѓа во рамките на целото семејство. Обично, тие имаат тенденција живеат на сличен начин, па затоа доколку само еден член е гојазен, постои ризик и за останатите.


Престанок со пушење

Обично по истото телесната тежина се зголемува. Но, ние не ве советуваме да продолжите да пушите. Активирајте се физички а со тоа ќе имате поголем бенефит во споредба со пушењето.

Генетски предиспозиции

Генетиката влијае на начинот на конверзија на храна во енергија, согорување на калории за време на вежбање, како и начин на складирање на масти во организмот . Исто така, генетските проблеми се фактори на ризик за гојазноста.

Социјални и економски проблеми

Поквалитетната храна е поскапа, а тоа ја прави и помалку достапна. Не само цената, туку и начинот на приготвување може да предизвика зголемување на тежината. Склоноста кон обезност доѓа и од семејството и пријателите.

Компликации

Обезноста, односно зголемената телесна тежина сама по себе предизвикува низа други здравствени проблеми, како што се: хипертензија, дијабет, срцеви болести. Значаен придонес има и во: канцерогенезата, еректилна дисфункција, депресија и проблеми со кожата.

Начини на справување при проблеми со гојазностa

Исхрана

Ваквиот начин вклучува промена во исхраната како и самата храна и изработка на план за здрав начин на хранење.

Активност

Истражувања велат дека со само 250-300 минути неделно можете да постигнете одлични резултати.

Медикаменти

Доколку претходните два начина не дадат резултат, комбинирајте ги со медикаментите дадени од вашиот лекар.

Хируршки

Поради голем ризик, операција се препорачува само за лица кои имаат индекс на телесна маса над 40.

 

Дознјате повеќе за Стефан Илиевски>>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-


 

www.doktori.mk, 30.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил