Медицински јаглен - Лесна и едноставна елиминација на сите гасови и токсини од вашиот дигестивен тракт

доктор на медицина

Сте се запознале ли со оваа магична и едноставна таблетка? Активен медицински јаглен е толку едноставна, а толку корисна таблета. Зошто е тоа така, прочитајте ја денешната статија и појдете до најблиската аптека, бидејќи ова е лек кој мора да биде достапен во вашата домашна аптека, а еве и зошто ...

Професор Туери од Франција во 1831 година испил смртоносна доза од отровот стрихнин и преживеал. Како? Додал голема количина на активен медицински јаглед во него и ова го направил за да им го докаже практично ефектот на своите колеги. Се смета дека медицинскиот јаглен бил докажан уште во старите египетски времиња, а неговите благодети се незаменливи и ден денеска.

Активиниот медицински јаглен, можете да го набавите во секоја аптека, тотално е безопасен и не може да му наштети на вашето здравје дури и ако испиете многу таблетки. Корисен е бидејќи ги апсорбира сите отрови и токсини во вашиот дигестивен тракт, без разлика за која е причината за нивно настанување, во медицинските центри постојано го има и е неопходен, бидејќи се дава превентивно кај луѓе кај кои се сомневаме дека доаѓа до труење од било која причина.

Оваа таблетка нема вкус, има катран црна боја и може да се најде во разни облици. Откако ќе се внесе во организмот има моќ на апсорпција и  ги апсорбира сите токсини и гасови во дигестивниот тракт, по што се чувствувате олеснето и ви се намалува или губи чувството на гадење. Можете да ги растворите таблетките во вода и да ги давате на луѓе кои не можат да ја голтнат таблетката, дури се смета дека така и дејството е посилно. За да добиете добро дејство користете најмалку 4 таблетки одеднаш, може да се користат и повеќе од 10 кога се работи за труење. Важно е да се нагласи дека нема нус појави и можете да го употребувате секогаш кога чувствувате подувување на стомакот. Единствена нус појава е боењето на изметот црно, што е нормално, треба да го очекувате и не треба да ве загрижува.

Кога е најповолно да го користите?

  • Кога чувствувате подуеност на стомакот

  • Кога имате гадење и повраќање

  • Кога имате пролив

  • Кога ќе се разбудите после пијана ноќ

  • Кога ќе имате стомачни проблеми поради внесување на многу овошје и зеленчук и слично

Па, ако до сега не сте го пробале, топло ви го препорачуваме бидејќи навистина може да ви го промени животот.

Дознајте повеќе за авторот Роберт Николовски

 

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 28.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - фармација