Доктори.мк | Рак на желудник | Rak-na-zeludnik | Портал за медицина и здравје

Рак на желудник

доктор на медицина

Ракот на желудникот е болест во која клетките кои ја формираат внатрешната обвивка на желудникот растат абнормално и неконтролирано се делат формирајќи маса наречена тумор.

Опис

Постојат пет регии на желудникот од кои докторите го одредуваат потеклото на ракот на желудник. Ракот може да се развие во било кој од петте делови на желудникот. Симптомите и резултатите од болеста ќе варираат во зависност од локацијата на канцерот.


Демографија

Во повеќето земји афектираноста на мажите од рак на желудникот е двапати поголема во однос на жените. Најголем дел од случаите со канцер на желудник се дијагностицираат на возраст од 50 – 70 години, меѓутоа во фамилии каде постои наследен ризик за оваа болест може да се најдат и случаи на појава во помлада возраст. Во неколку делови од светот, најчесто Јапонија и дуги Азиски држави, ракот на желудник е водечка причина за смрт.
Инциденцата на ова заболување бележи опаѓање, особено во развиените земји.
Употребата на замрзната храна и консумацијата на свежо овошје и зеленчук, наместо конзервирана храна со висока концентрација на сол, може да преставува причина за опаѓање на ициденцата.


Причини и симптоми

Иако точната причина за појава на рак на желудник сеуште не е утврдена, неколку потенцијални фактори довеле до зголемена појава на заболени и затоа се означуваат како ризик фактори. Исхраната, работната средина, изложеноста на бактеријата Helicobacter pylori, како и историја за постоење на желудечни чиреви или полипи, се вбројуваат во тие ризик фактори. Одредени истражувања покажале дека консумацијата на храна со висока концентрација на сол и нитрати го зголемува ризикот за појава на рак на желудник. Промена на режимот на исхрана, се покажал како ефективен начин за намалување на ризикот за појава на оваа болест дури кај индивидуи кои живеат во земји со висок ризик. Консумирањето на препорачаните количини на овошје и зеленчук може да го намали ризикот за развој на оваа болест.
Висок ризик за развој на рак на желудникот се поврзува и со одредени индустрии. Најдобар пример за тоа е поврзаноста помеѓу ракот на желудникот и лицата кои работат во рудници за јаглен, обработка на дрво, никел или преработка на гума. Невообичаено голем број на луѓе кои работат во овие индустрии имаат дијагностицирано рак на желудник. Одередни студии ја идентификувале бактеријата (Helicobacter pylori) која предизвикува стомачни чиреви (инфламација на внатрешната обвивка на желудникот) како ризик фактор. Хронична инфекција на желудникот со оваа бактерија може да предизвика појава на специфичен вид на канцер (лимфом или МАЛТ-мукозно асоцирано лимфоидно ткиво) во желудникот.
Друг ризик фактор претставува развојот на полипи, бенигни израстоци на ванатрешната обвивка на желудникот. Иако полипите се бенигни, некои од нив имаат потенцијал да станат канцерогени.


 Лицата со крвна група А исто така, од засега непознати причини, се сметаат како ризични за развој на овој вид на канцер. Помеѓу другите фактори за кои се претпоставува дека можат да бидат причина за појава на рак на желудник се вбројуваат и претходни оперативни зафати на чир на желудник или други состојби, или пак еден вид на анемија позната како пернициозна анемија. Ракот на желудникот е бавно растечки карцином. Можно е да поминат повеќе години додека туморот нарасне до доволна големина за да предизвика дистинктивни симптоми. Во раните фази на болеста пациентот може да чуствува само блага нелагодност, индигестија, жарење, чувство на надуеност по јадење како и благо гадење. Во подоцнежните фази на развојот пациентот ќе има губиток на апетитот, а како резултат на тоа и губење на телесна тежина, болки во стомакот, повраќање, потешкотии при голтањето, како и крвава столица. Ракот на желудник многу често метастазира во соседните органи како што се езофагусот, придружните лимфни јазли, црниот дроб или тенкото и дебелото црево.

Дијагноза

За жал голем дел од пациентите кај кои се дијагностицира рак на желудник чувствуваат болки во стомакот 2-3 години пред да го известат својот лекар за постоење на симптоми. Кога докторот се сомнева за постење на рак на желудник кај одреден пациент врз основа на искажаните симптоми, ќе биде земена детална медицинска анамнеза за да се провери постоењето на ризик фактори. Ќе се направи детален физикален преглед за да се проценат сите симптоми. Може да се направи и лабораториска анализа за да се провери постоењето на крв во столицата како и за постоење на анемија (низок број на црвени крвни зрнца), кои најчесто се среќаваат кај рак на желудникот. Во некои земји како што е Јапонија, вообичаено e на пациентите да им се прави рутински скрининг за рак на желудник, бидејќи ризикот за развој на болеста во оваа земја е висок. Заради ниската преваленца на заболувањето во Македонија рутински скриниг за оваа болест не се препорачува, освен во случаи каде постои фамилијарна историја за појава на болеста.
 Без разлика дали како дел од скрининг тест или бидејќи докторот се сомнева за постоење на симптоми на рак на желудник, ендоскопијата со бариум се користи во дијагнозата на рак на желудник. При изведување на бариум скен на горниот интестинален тракт на пациентот му се дава да испие густ, бел раствор на барим сулфат. Обложувањето кое го прави бариумот помага во идентифицирање на одредени абнормалности на внатрешната обвивка на желудникот.
Во друг почесто користен тест, попознат како горна гастроинтестинална ендоскопија, тенка, флексибилна, осветлена цевка (ендоскоп) се провлекува преку грлото на пациентот до желудникот. Докторот ја гледа слузницата на езофагусот и желудникот преку ендоскопот. Понекогаш мала ултарасонична сонда се прикачува за крајот на ендоскопот. Оваа процедура е позната како ендоскопски ултразвук EUS.


 Ако при ендоскопијата се забележат одредени сомнителни промени, форцепс за биопсија може да се протне преку ендоскопката цевка за да се земе ткиво за микроскопска инспекција. Ова е познато како биопсија. Компјутеризирана томографија се користи за добивање на дополнителни информации за тоа колкава е големината на туморот и во кои делови на желудникот е раширен; дали е проширен во лимфните јазли; како и дали метастазирал во други делови од телото како на пример во црниот дроб, белите дробови или коските. Лапароскопијата вклучува направа која е слична на ендоскопот. Лапароскопијата е минимално инвазивна оперативна процедура која може да се изведе во амбуланта и после која има брзо закрепнување. Пациентите кои можеби ќе добијат зрачна или хемотерапија пред операција подлегнуваат на лапароскопија за да се утврди точниот стадиум на ракот.

Клинички стадиуми и прогноза

Повеќе од 95% случаи на рак на желудникот се предизвикани од аденокарциноми, малигни тумори кои потекнуваат од жлезденото ткиво. Останатите 5% вклучуваат лимфоми и други видови на карциноми. Многу е важно желудечните лимфоми да се дијагностицираат правилно, бидејќи овие тумори имаат многу подобра прогноза отколку желудочните аденокарциноми. Приближно околу половина од лицата дијагностицирани со гастричен лимфом преживуваат пет години после поставувањето на дијагнозата. Третманот на гастричен лимфом вклучува оперативен зафат комбиниран со хемотерапија и радиотерапија. Одредувањето на фазата на развој на канцерот се базира на тоа колку длабоко е пенетрирана обвивката на желудникот; до кој степен (ако воопшто има) е инвазијата во лимфните јазли и до кој степен (ако воопшто има) канцерот метастазирал. Колку повеќе е ограничен, толку е поголема шансата за излекување.


Има предложено неколку различни начини за класифицирање на ракот на желудник врз основа на видот на клетките. Класификацијата според Лорен е најчеста. Според овој систем за класификација, гастричниот аденокарцином се дели на интестинален и дифузен. Интестиналните тумори почесто се среќаваат кај мажи и постари пациенти. Прогнозата за овие тумори е подобра отколку за дифузните. Дифузните тумори почесто даваат метастази во други делови од телото.

Терапија

Бидејќи симптомите на ракот на желудник се благи, третманот најчесто отпочнува во напреднатите фази на болеста.

Операција

Во почетните фази на развој, операцијата може да се користи за отсранување на ракот. Оперативното отсранување на аденокарциномите е единствениот начин за елиминирање на болеста. Најчесто пред операцијата се користи лапароскопија за да се утврди дали канцерот може да се одстрани оперативно. Ако ракот е широко распространет и неможе да се одстрани хируршки, се прави напор да се одстрани блокадата и да се конторлираат симптомите како што се болка и крварење. Во зависнот од локацијата на канцерот дел од желудникот може да биде одстранет, преку процедура која се нарекува парцијала гастректомија. Во процедурата позната како тотална гастректомија целиот желудник се одстранува. Муѓутоа лекарите преферираат, доколку е можно, да остават барем дел од желудникот. Пациентите кои биле подложни на парцијална гастректомија имаат подобар квалитет на живот одколку тие кои биле подложени на тотална гастректомија.


И тогаш кога целосно ќе се одстрани желудникот пациентите брзо се навикнуваат на друг начин на исхрана. Ова вклучува јадење почесто на помали количини на храна. Генерално се препорачува храна богата со протеини. Парцијалната или тоталната гастректомија најчесто се придружени со други оперативни зафати. Најчесто се одстрануваат и лимфните јазли, како и делови од или цели органи кои се зафатени од канцерот. Прелиминарните испитувања покажуваат дека пациенти кои пред отпочнување на третманот не биле кандидати за оперативно одстранување на туморот во подоцнежните фази на болеста може да станат подобни за оперативен третман. Комбинацијата на хемо и радиотерапија може да помогне во намалување на карциноми кои првично не можело да се одстранат оперативно.

Хемотерапија

Дали пациентите кои се оперираат од рак на желудник треба или не треба да примаат хемотерапија е контроверзно прашање. Хемотерапијата може да се користи како примарен начин на третман или после оперативниот зафат за да се уништат клетките на канцерот кои мигрирале во други органи. Најголем дел од канцерите на гастроинтестиналниот тракт не регираат добро на хемотерапија, меѓутоа, аденокарциномот на желудник како и непреднатите фази се исклучок.


Хемотерапевтскиот лек доколку се користи изолирано обезбедува бенефит кај барем еден од пет пациенти. Комбинација од агенси може да има и поголем бенефит, иако со сигурност не обезбедува подолго преживување. Иако хемотерапијата со еден лек се користи понекогаш, најдобар ефект се постигнува со комбинација на повеќе лекови. Така да,покрај истражувањата кои се прават за да се утврди ефектот на новите лекови, се спроведуваат и истражувања за да се утврди ефектот од комбинацијата на одредени медикаменти со цел да се обезбеди највисок степен на помош на пациентот.

Радијациона терапија

Радијационата терапија најчесто се користи после опертивен зафат за да се уништат оние клетки на канцерот кои можеби не биле комплетно одстранети со операцијата. Во третманот на ракот на желудник најчесто се користи надворешна радијациона терапија. Во овој случај високо енергестки зраци од машина која се наоѓа надвор од телото се концентрираат на регијата каде се наоѓа туморот. Во понапреднатите фази на болеста радијационата терапија се користи за олеснување на симптомите како што се болки и крварење. Меѓутоа голем број од испитувањата покажале дека радијационата терапија била неефективна кај голем број на пациенти. Испитувачите активно ја проценуваат улогата на хемо и радиотерапијата пред оперативното одстранување на туморот. Тие бараат начини со кои и радијационата и хемотерапијата ќе се употребат во поефективно излекување и продолжување на животот на пациентите со рак на желудник .


Прогноза

Приближно 20% од пациентите со рак на желудник преживуваат барем пет години по поставувањето на дијагнозата. Пациентите кои се дијагностицирани во поран стадиум од развој на болеста имаат подобра прогнозаа одколу тие дијагностицирани подоцна. Во раната фаза на развој , туморот е мал,лимфните јазли не се афектирани,и туморот се нема проширено во белите дробови и црниот дроб. За жал само 20% од пациентите со рак на желудник се дијагностицираат пред туморот да се прошири во лимфните јазли или пред а метастазира. Многу е важно да се запамти дека статистикте не се секогасш во право. Секојдневно се развираат нови терапии кај кои сеуште се нема утвредено стапката на пет годишно преживување.Исто така најголем дел од луѓето кај кои се дијагностицира овој тумор се на возраст од 60-70 години со што може да се потврди дека и дел од овие пациенти умираат не од тумор на желудникот туку од други болести поврзани со возраста. Како резултат на тоа може да се очекува дека одредени пациенти со рак на желудникот може да имаат подолга стапка на преживување одколку што имало пред десет години.


Превенција

Избегнувањето на ризик факторите кои се асоцирани со оваа болест може да спречи појава на истата. Храната која е пресолена, димена, скиселена како и богата со нитрати треба да се избегнува. Исхараната богата со зеленчук и овошје се верува дека помага во спречувањето на појава на одредени канцери, меѓу кои и канцерот на желудник. Американското Канцер Друштво препорачува консумација на пет различни порции на овошје и зеленчук дневно како и храна од други растителни извори како што се зрна, тестенини, грав, житарици итн. 

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 26.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина