Грубиот секс ја јакне врската

Со груб секс до стабилна врска, ова е мотото на повеќето научници, бидејќи последните истражувања покажуваат дека грубиот секс придонесува до стабилна врска со партнерот.

Кога зборуваме за груб секс не зборуваме за секс во кој ќе си причинувате болка, туку за секс кој по својот тек ќе се одвива диво и грубо - велат научниците. Дивиот секс е одлично да се случи спонтано, но пред тоа вие мора да го познавате партнерот, мора да знете колку далеку е спремна таа или тој да отиде со грубиот секс. Не смеете да правите ништо што нема да му се допадне на партнерот бидејќи така ќе предизвикате контра ефект - вели Ajsaja Mekimi, секс терапевт.

За да практикувате груб секс треба да бидете искусни бидејќи треба да процените дали и кога партнерката навистина ужива. Според научниците најдобро е да се применува врзување на очи, врзување со листици, секако лисици купени од секс шоповите, и слични алатки кои ќе сугерираат бруталност. Благото нанесување на болка не е забрането, но мора да се внимава. Користењето на камшици и еротско "тепање" е во зависност од карактерот на партнерката, никако немојте да го користите овој метод ако не сте сигурни дали партнерката сака таков вид на задоволство, кое вклучува благо чувство на болка.

Како и да е ако сте во врска подолго време и чувстувате одредена монотонија, дивиот секс сигурно ќе ве зближи и ќе ви го "размрда" сексуалниот живот, но повторно ќе кажеме, не секој партнер би се впуштил во ова, па пред да превземете иницијатива прво осигурајте се дека тој или таа ќе ја прифати играта.

 

www.doktori.mk, 24.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил