Жени дали сте ја пробале менструалната чаша? - Лесно, ефикасно и многу по конфортно од тампоните и влошките

Менструалната чаша е одлична алатка за одржување на висока лична хигиена за време на менструалниот циклус кај жената. Таа е долга околу 5 цм, и е изработена од силикон без да содржи латекс или некои други материи кои можат да бидат алергени за жената. Ако сеуште не сте се запознале со менструалната чаша, прочитајте повеќе ...

Кои се предностите на менструалната чаша пред тампонот и влошката?

За разлика од повеќето жени кои ќе речат дека таа е многу долга гломазна и дека нема шанси да биде конфортна, таа е сосема она спротивното. Материјалот од силикон од кој е изработена оневозможува појава на црвенила, отоци, чешање и топлина, што вообичаено може да се јави кај преосетливите жени, затоа менструалната чаша се препорачува и кај жените кои се пречувствителни на разни типови на материјали.

За разлика од тампоните и влошките таа е за повеќекратна употреба

Ова е одлично, бидејќи нејзиниот рок на трење е до 5 години, еднаш купена значи дека сте го регулирале овој проблем за 5, а некои и 10 години. Таа едноставно се користи, не пропушта течност и нема нус појави, а покрај тоа, економски е многу исплатлива, бидејќи сметано повеќе години нанапред, таа ви заштедува многу пари потрошени за тампони или влошки, а е здравствено најпрепорачлива.

Ставете крај на непријатниот мирис

Лесна е и едноставна за употреба, лесно се мести, погодна е дури и ако имате спирала. Едноставната дренажа и материјалот кој е неповолен за задршка на бактерии прави да се ослободите од непријатниот мирис кој често е карактеристичен за овој период од месецот.

Како се употребува

Менструалната чаша се мести во вагината слично на тампонот. Во почетокот ќе ви биде неопходна малку пракса, но подоцна ќе ви стане рутина и нема ни да чувствувате дека ја носите. Нормално кај една жена чашата е потребно да се празни 2 до 3 пати во денот што ја прави многу по практична од тампонот кој се препорачува да се менува на неколку часа. Откако ќе ја извадите чашата ќе ја испразните, измиете и таа е подготвена за повторна употреба. Можете да ја носите со вас секаде, на патување на одмор, по неколку употреби ќе научите правилно да ја местите и повеќе нема ниту да ја чувствувате велат познавачите.

Најчести прашања во врска со ментруалната чаша

Изгледа гломазно како да ја ставам? - На сликите изгледа гломазно, но материјалот од кој е изработена е мек силикон кој многу лесно се свиткува, при ставањето најдобро е да ја навлажните чашата и лесно да ја стиснете со прстите, останатото е исто како и тампон.

Како да се извади? - На крајот на чашата има продолжение кое служи за лесно да ја извадите чашата доволно е само благо да повлечете, продолњжнието е многу повеќе конфортно од она на тампонот.

Дали се чувстува? - Како што веќе рековме направена е од мек силикон и по неколку употреби воопшто не се чувствува.

Дали предизвикува сушење на вагината? - Силиконот не влијае на нормалната физиологија на вагината, така што таа се лубрифицира нормално, тоа е и причината зошто не прави непријатни мириси.

Па, жени време е да се запознаете со новиот поглед на менструалниот цилус, кој ќе ви го направи животот поедноставен.

www.doktori.mk, 23.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина