Здравствен бенефит од папајата (Carica Papaya)

доктор на медицина

Папајата (Carica Papaya) е вид на тропско овошје со жолто-портокалова боја кое расте во гроздови и има повеќе црни семки во средината.


Ова овошје потекнува од Јужна Америка и Кристофер Колумбо во своите документирани патешествиа го нарекол „ангелско овошје”, а Васко Де Гама „Златно дрво на животот”.
Папајата има пријатен сладок вкус и изобилува со растителни влакна, витамини и минерали - витамин А (бета каротен), Ц, Е, витамини од Б групата- Б2 и фолна киселина, калциум, магнезиум, калиум и др., како и многу важен ензим наречен папаин кој ги разградува комплексните протеини до едноставни аминокиселини кои лесно се апсорбираат во организмот.

Ова овошје го стимулира варењето и апсорпцијата на храната во организмот, делува како лаксатив и поседува антибактериски, антивирусни и антигабични својства. Заради присуството на витамините А, Ц и Е, три моќни антиоксиданси, папајата помага во превенцијата на артериосклерозата, тромбозата и срцевите заболувања предизвикани од дијабетични компликации, а растителните влакна помагаат во намалувањето на високото ниво на холестерол во крвта.


Ова извонредно јужно овошје има способност да ги сврзе токсините во тенкото црево и побрзо да ги исфрли од организмот со што го намалува ризикот од појава на канцер на цревата и се користи за сите видови на стомачни тегоби: диспепсија, покачено ниво на желудочни киселини (хиперацидитет) и желудочен рефлукс, дијареа, констипација, дизентерија, уништување на цревните паразити и др. Папајата воедно ја подобрува функцијата на имунолошкиот систем со што го штити организмот од настинки, грип и инфекции, има антивоспалително дејство, ја хидратира и чисти кожата, го зајакнува срцето, црниот дроб и видот и го освежува и подмладува организмот.


Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 22.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана