Доктори.мк | Рецепти за сокови кои ќе извршат детоксикација на црниот дроб | Recepti-za-sokovi-koi-ke-izvrsat-detoksikacija-na-crniot-drob | Портал за медицина и здравје

Рецепти за сокови кои ќе извршат детоксикација на црниот дроб

Црниот дроб е вистинска лабораторија на организмот, а на секоја лабораторија понекогаш и е потребно чистење. Ние денес ќе ви презентираме неколку сокови кои ќе помогнат во детоксикација на црниот дроб.

Грејпфрут рецепт

Потребно е:

  • 500 мл вода

  • 6 свежи лимони

  • парче ѓумбир од 10 цм

  • 3 грејпфрута

  • 3 лажици ленено масло

  • 4 чешниња бел лук

  • 3-4 прстофати ким

  • 3-4 листови свежо нане

Подготовка

Исцедете го лимонот и грејпфрутот и сокот ставете го настрана. Во блендер ставете ја водата изренданиот ѓумбир и лукот. На крајот во блендерот додадете ги и сите останати состојки вклучувајќи го и сокот од лимонот и грјпфрутот. Послужете го сокот во стаклена чаша.

Зелен чистач

Потребно е:

  • 125 грама свежа зелка

  • 1 лимон

  • 25 грама целер

  • мало парче ѓумбир од 2 цм

  • 500 мл вода

  • 4-5 листови нане

Подготовка

Едноставно како и претходниот се заедно ставете во блендер и оставете 1 минута. Потоа ставете во стаклена чаша и испијте.

Овие сокови се извор на многу здрави состојки и не само на црниот дроб, можат да му бидат од корист на сите органи во телото, па затоа слободно можете да ги консумирате во големи количини.

 

www.doktori.mk, 19.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана