Биопсии кои се вршат на максилофацијалната регија

доктор по стоматологија

Биопсијата претставува хирушка постапка на земање примерок на ткивото заради хистопатолошки преглед. Биопсија се користи во сите ситуации кај кои веќе се искористени сите останати дијагностички процедури и не може да се прецизира дефинитивна дијагноза.

Во максилофацијалната хирургија најчесто се користат два типа на биопсија:

  •  Инцизиона биопсија

  •  Ексцизиона биопсија

Инцизиона биопсија значи земање примерок од репрезентативниот дел на промените кои се испитуваат. Ако тие промени се во големи размери и на различни делови, имаат различни микроскопски карактеристики, се земаат примероци од повеќе места. Најчести индикации за инцизиона биопсија претставуваат:

  •  Обимни или нејасно ограничени промени кај кои после ексцизија не е возможно да се затвори дефектот на околното ткиво,

  •  Промени кои се лоцирани на анатомски неповолни места на кои при ексција е можно да дојде до повреда на одредени нервни или крвни садови,

  •  Потенцијално малигни лезии.

Ексцизиона биопсија значи in toto отстранување на промените заедно со слој од околното здраво ткиво. Оваа врста биопсија значи истовремено и дефинитивно лечење на испитуваните промени. Индикации за ексцизиона биопсија претставуваат:

  •  Мали ( помалку од 2 см во пречник ), клинички бенигни промени, без разлика на нивната локализација и конзистенција,

  •  Секоја лезија која може во потполности да се отстрани, а при тоа да не настане значајна трауматизација на околното ткиво.

Биопсија ex tempore се изведува во ситуации кај кои врз основа на клиничките испитувања (преоперативни и интраоперативни) не може со сигурност да се заклучи природноста на испитуваните промени, а воедно и ни продолжувањето на самата хирушка интервенција. Во такви ситуации доаѓа до потреба за брза, интраоперативна хистопатолошка дијагноза. Постапката подразбира земање на исечок од ,,сумливите,, места, а потоа нивна скратена обработка во хистопатолошка лабораторија. Патологот после 10-15 минути поставува прелиминарна дијагноза од која зависи продолжувањето на хирушката интервенција. Меѓутоа ex tempore дијагностика подразбира и можност за грешка.


 Денес класичната хистопатолошка дијагностика збогатена со нови техники за дијагноза, дава поголем избор за проверка, како што се: имунохистохемија ( примена на биолошки маркери) и тн flow цитометрија ( со антитела на цитоплазматските интермедијарни филаменти).

 

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 19.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија