Седум благодети кои ќе ги добиете доколку рано наутро пиете чаша цеден лимонов сок

Во половина чаша свежо исцеден лимон, дополнете уште половина млака вода и добијте вистински благодет за вашето здравје. 

Секојдневна детоксикација

Нема потреба да се грижите за детоксикацијка ако секое утро пиете по една чаша свежо исцеден сок  од лимон со млака вода. Уште рано наутро вашиот организам ќе биде разбуден и активиран, што ќе ви помогне да функционирате совршено во текот на целиот ден.

Блага диуреза

Лимоновиот сок има благо диуретско дејство, што ќе ве ослободи од вишокот течности и паралелно на тоа ослободувајќи ве од токсините кои ќе се исфрлат преку урината.

Јакнење на имунитетот

Содржи многу витамин Ц, ги намалува воспалителните процеси, ги јакне крвните садови и лимфните текови. Докажано го јакне и зацврстува имунитетот.

Крај за акните и борите

Лимоновиот сок има антибактериско дејство и влијае врз неутрализирање на слободните радикали. Благодарејќи на консумирањето на лимонов сок секое утро ќе имате здрава, свежа и негувана кожа.

Помага при слабеење

Доколку внимавате на вашата линија овој напиток секое утро ќе ви биде одличен сојузник бидејќи ќе работи напорно во согорување на вишокот масти.

Лимоновиот сок става крај на лошиот здив

Секојдневното користење на лимоновиот сок ќе ви помогне да имате свеж здив уште рано наутро. Лимонот има антибактериско дејство и киселост која ги уништува бактериите кои се причина за лошиот здив.

Лимоновиот сок ќе ве направи весели

Лимоновиот сок докажано го потикнува доброто расположение правејќи ве да се чувствувате весели и енергични. Самиот мирис на лимонот според научниците потикнува чувство на среќа.

Ова беа само најважните седум придобивки, а има уште навистина многу. Сепак сметаме дека овие беа доволно, за да ве мотивираме уште од утре рано да започнете со применување на овој рецепт од лимон, кој е толку едноставен, а толку корисен.

www.doktori.mk, 14.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана