Доктори.мк | Топ десет најдобри медицински факултети во светот | Top-deset-najdobri-medicinski-fakulteti-vo-svetot | Портал за медицина и здравје

Топ десет најдобри медицински факултети во светот

Да се студира медицина е нешто навистина поразлично и претставува вистински предизвик за сите средношколци кои сакаат животот да го поминат во бел мантил. За во нашата држава веќе добро ни е познато каде може да запишеме медицина, но денес ќе се осврнеме на најдобрите медицински факултети во светот. Во овие факултети програмата е неверојатно добра, а на студентите им се гарантира квалитетно образование. Па, да видиме кои се тие ...

1. Harvard University 

На Хардвар е убедливо најдобриот медицински факултет во светот. Ако сте еден од ретките среќници кои ќе успеат да влезат на Хардвар за да студираат медицина тогаш ви се гарантира квалитетно образование и блескава кариера, бидејќи Хардвар може да се пофали со многу познати лекари, научници и нобеловци од областа на медицината и пошироко.

2. University of Oxford

Цврсто на второто место по Хардвар е Медицинскиот факултет при Универзитетот Оксфорд. Овој факултет може да се пофали со дури 16 нобеловци од областа на медицината кои произлегле од Оксфорд. Универзитетот во Оксфорт гарантира квалитет и добра пракса на сите студенти кои ќе успеат да се запишат и навистина сакаат да се посветат на медицината.

3. University of Cambridge

Кембриџ универзитетот со годините традиција наназад произвел навистина квалитетни и ценети доктори, кои се здобиле со бројни признанија. Овој универзитет е познат по практикувањето на највисоки технологии при истражувањата од областа на медицината, а благодарејќи на тоа научниците од овој универзитет беа првите кои дадоа значаен придонес во разбирањето на структурата и визуелизацијата на ХИВ вирусот.

4.Johns Hopkins University

Медицинскиот факултет при овој универзитет можеби се чини дека е неправедно на четврто место, не затоа што не го заслужува туку затоа што заслужува многу повеќе. А дека тоа е така тврди неговата историја која започнува од 1893 година па до денес на универзитетот му има донесено 19 нобелови награди од областа на медицината и бројни други признанија. Болницата која функционира во склоп на медицинскиот факултет скоро три денцении била на прво место по квалитет и успешност. Моментално големо истражување исто така се спроведува за превенција и спречување на дијабет тип 2.

5. Stanford University

Сите факултети при Стенфорт Универзитетот котираат високо на листите во светот, па не е ни чудно зошто медицинскиот факултет е на петото место. Овој универзитет може да се пофали со четири нобелови награди за медицина во текот на неговата историја.

 6. Yale University

Yale School of Medicine e во првите шест најстари универзитети во Америка, основан е во 1810 година и може да се пофали со многу врвни достигнувања. Важно е да се напомене информацијата дека овој универзитет во своите клиники прв  ја има употребено хемотерапијата како лек против канцерогените заболувања.

7. University of California, Los Angeles (UCLA)

Ова е еден од најмладите универзитети на листава, а по ништо не се разликува во квалитет од останатите. Стар е едвај половина век, а моќе да се пофали со многу признанија успешни истражувања и една нобелова награда.

8. Imperial College London

Ова е еден голем комплекс кој продуцира исклучително квалитетни кадри, универзитетот може да се пофали со многу признанија и многу квалитетни и успешни проекти. Во овој универзитет студирал и Alexander Fleming, кој го открил пеницилинот, за што подоцна добил и нобелова награда.

9. University of Melbourne

Овој универзитет е основан во 1862 година и е најдобар во Австралија. Многу нобелови награди признанија и иновации се излезени од медицинскиот факултет кој функционира при Мелбурн универзитетот. Моментно универзитетот работи на нова технологија на микрочипови кои во иднина се смета дека ќе се вградуваат кај епилептичари за да превенира епилептични напади.

10. Karolinska Institute

Овој институт е познат по тоа што ги спроведува скоро половина од сите истражувања во светот и е навистина квалитетен и продуцира навистина добри кадри кои се извонредно теоретски и практично наобразовани.

Па, драги матуранти, ако имате доволно амбиции, смелост, среќа и знаење, најдобрите медицински факултети во светот ве очекуваат!

www.doktori.mk, 14.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - занимливости