Нешто повеќе за хигиената

доктор по стоматологија

Хигиената е од големо значење за здравјето. И покрај тоа што се грижиме хигиената да биде на високо ниво, сепак хигиенските навики се многу полоши отколку што мислиме. Во продолжение Ви претставуваме неколку факти кои ќе бидете зачудени, а се надеваме дека ќе ви бидат од корист за да ги промените вашите хигиенски навики.


 Антибактерискиот сапун не е ефикасен колку што мислите. Тој во себе содржи хемикалија триклосан која докажано ги менува хормоните кај животните, а постои и сомнеж дека истото се случува и со луѓето. Оваа хемикалија се наоѓа во 75% од антибактериските сапуни, во некои средства за чистење и во пастата за заби. Научниците во Аризона откриле дека со перењето на вешот, во машината за перење може да се пренесат околу 100 милиони бактерии Ешерихија коли во водата и на следните тури за перење во машината.


 Во тоалетот се наоѓаат околу 2 милиони бактерии на секои 6 см, а во мијалникот за садови и до 500 000 бактерии. Се смета дека мијалникот за садови е “понечист” од ВЦ шолјата. Со пуштањето вода во ВЦ шолјата фекалните материи почнуваат да се шират во воздухот. Доколку мијалникот во тоалетот е близу до ВЦ шолјата, секогаш постои голема веројатност четката за заби ако ја чувате на мијалникот да се прекрие со бактерии. Затоа четката за заби најдобро е да ја чувате во ормарче. Препорачливо е после миењето, рацете да се избришат со хартија, не со крпа. Хартијата побргу се суши и со тоа помала е веројатноста да се населат бактерии.


 Доколку ја миете косата секој ден, ја остранувате нејзината природна маст поради што жлездите појачано работат за да го надополнат недостатокот. Доволно е да ја миете 2-3 пати неделно со благ шампон. На контактните леќи лесно се создаваат слоеви од бактерии, а миењето со вода од чешма само може да ја влоши нивната состојба. Исто така, ако користите ист раствор за леќи, постои можност на нив да се формираат цели колонии бактерии и да го зголемите ризикот од инфекција во окото.

 

Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 11.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил