Како треба да се хранат жените заболени со кандида?

Што претставува кандидата веќе опишавме, но покрај терапијата која лекарот ја препишува при кандида, сигурно се прашувате што треба да јадете за да си помогнете при ваквата состојба. Денеска во оваа кратка статија ние ви го даваме овој одговор.

  • Избегнувајте премногу слатки овошја од типот на: лубеница, манго или грозје. Јадете по две три овошја дневно како што е пример јаболко.

  • Избегнувајте користење на суво овошје

  • Избегнувајте користење на сокови на растворање, газирани сокови или други засладени течности

  • Избегнувајте намирници од бело брашно како што е леб, торти или бисквити

  • Избегнувајте јадење на тестенини

  • Строго избегнувајте ги пеќурките и кикириките

  • Консумирајте слободно млеко и млечни производи, погрешен е фактот со кој се тврди дека треба да се избегнуваат. Јогуртот се препорачува најногу.

  • Избегнувајте мајонез, кечап и сенф

  • Зголемете го внесувањето на омега 3, јадете повеќе риба и бело месо.

Додатоци кои треба да ги применувате

  • Користете пробиотски таблети најмалку 6 месеци по ред. Една до  две таблетки после доручек.

  • Користете суплементи со витамин А и Ц.

  • Користете шумливи таблети со цинк и магнезиум

www.doktori.mk, 10.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана