Чајни мешавини за лекување на бело прање или вагинален исцедок

Како што веќе опишавме во статијата за бело прање или вагинален секрет, овој проблем е многу чест помеѓу жените па затоа тие покрај тоа што се советуваат со гинеколог и ја земаат потребната терапија, жените често бараат природни суплементи кои ќе им помогнат побрзо да се ослободат од оваа состојба. Затоа ние денес продолжуваме со презентирање на природни рецепти за лекување на бело прање или вагинален секрет ...

Чајна мешавина 1

Земете по три супени лажици сув ореов лист, бршлен и коприва, а по две супени лажици камилица и ајдучка трева. Сите состојки добро промешајте ги и ставете ги да се варат во еден литар вода. Чајот што ќе го добиете со варење на овие состојки консумирајте го по двапати дневно во мали чаши, а со истиот можете и да направите промиви.

Чајна мешавина 2

Земете по една супена лажица сува камилица и маточина и ставете ги во 250 мл, вода која врие. Чајот од оваа мешавина засладете го со мед и пијте две до три чаши во денот.

Чајна мешавина 3

Земете по една супена лажица сува коприва и ајдучка трева и ставете ги во 250 мл. вода која врие. Чајот треба да се пие по три пати дневно повеќе месеци по ред.

 

 

 

 

 

www.doktori.mk, 09.03.2015

Последна вест

Најчитани статии - исхрана