Интересни факти за кивањето

студент на медицина

Денес ви откриваме неколку навистина интересни факти поврзани со кивањето, погледнете ...

Човекот не кива додека спие

Додека спиеме, нервите одговорни за кивањето немаат доволен стимул за да дојде до кивање. Имајте на ум дека со јаки надворешни фактори ова може да се измени. Пример за тоа е биберот. Во тој случај, човекот ќе се разбуди за да кивне.

Кивањето се одвива со голема брзина

Просечната брзина на кивањето се движи од 60 до 100 км/ч. Се смета дека најбрзото измерено кивање е 165 км/ч.


Чупањето може да предизвика кивање

Овој процес може да ги предизвика потикнување на нервите во назалниот предел и како резултат да дојде до кивање.

Кивањето може да се запре

Затнувајќи го носот и дишејќи на уста, може да се запре постојаното кивање. Ова не е препорачливо бидејќи може да доведе до низа здравстевни проблеми.



Животно кое највеќе кива

Тоа е игуаната. Со помош на кивањето тие се ослободуваат од одредени соли и помагаат во процесот на дигестија.

Сексот може да предизвика кивање

Станува збор за грешка во автономниот нервен систем. Доколку ви се случи ова, обратете се кај вашиот лекар.

 

Дознјате повеќе за Стефан Илиевски>>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 09.03.2015

Последна вест

Најчитани статии - занимливости