Нејзиното височество жената, секоја единствена, божествена, неповторлива, своја...

Жената е посебно суштество на кое Бог и подарил неверојатни моќи. Таа е нежна на допир, но цврста на карактер, таа дозволува емоциите да ја обземат, но не и да ја скршат, таа е коренот на човековото постоење, нејзината љубов е причина за живот на секој од нас ... Затоа да и го посветиме и честитаме денешниот ден, а ние да се потсетиме дека секој нареден ден треба да и посветиме внимание во знак на љубов и благодарност на нејзиното височество жената ...

Жената секогаш повеќе сака отколку што е сакана, таа не е создадена да биде разбрана, таа е создадена да биде љубена ...

Додека животот на мажот се состои во стекнување на слава и моќ, животот на жената се состои од барање на љубов и внимание ...

Женскиот допир е чуден извор на моќ која е сместена во толку нежно суштество, таа моќ излегува во разни облици и секогаш исполнува со љубов ...

Мажите секогаш сакаат да и бидат прва љубов на жената, жената секогаш сака мажот да и биде последна љубов, љубов за цел живот ...

Жените тешко можат да ни простат кога сме љубоморни, но никогаш нема да ни простат ако не сме ...

Жената е далеку од идеално суштество, но е суштество кое е основа на целиот наш живот кое нуди љубов која е толку силна што не носи девет месеци блиску до своето срце и цел живот блиску до својата душа ...

Тимот на Докотри.мк го честита 8-ми март на сите припаднички на понежниот пол им посакува да бидат здрави, среќни и мудри секој нов ден, а ние ќе останеме со приоритет да го чуваме и да се грижиме за нивното здравје, бидејќи барем толку им должиме 

www.doktori.mk, 08.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина