Бартолониева циста - Чест проблем кај жените

Бартолониевите жлезди се наоѓаат во внатрешнста на двете срамни усни кои се наоѓаат пред вагината. Улогата на овие жлезди е да секретираат течност која ќе помогне при пенетрација за време на сексот. Опструкција на изводните канали на овие жлезди создава цистична формација која се нарекува Бартолониева циста, која често знае да биде многу непријатна кај жените.

Симптоми

Во зависност од големината на цистата може да варира од мала која неможе ниту да се почувствува па се до голема топчеста формација која на допир е цврста и се наоѓа веднаш до вагиналниот отвор. Цистата додека е мирна не прави проблеми, но воспаленијата кои се чести ги даваат следните симптоми:

  • Топчестата формација е болна на допир

  • Тапа болка за време на одење или седење

  • Болки за време на сексуалниот однос

  • Покачена телесна темперетура

Цистата најчесто се јавува на едната срамна усна, многу ретко може да се забележи случај кога има Бартолониева циста на двете срамни усни.

Причина за појавување

Научниците велат дека како причина за појавување на бартолониева циста е опструкција на изводниот канал кој често може да биде проследен со инфекција од некоја бактерија и затоа е неопходно нејзино постојано следење.

Преглед и дијагноза

Обично само визуелен преглед и палпација се доволни за дијагноза, но лекарите советуваат да се направат и тестови за половопреносливи болести или брис за некои бактерии кои можат да ја воспалат цистата. Ако се докаже присуство на некоја бактерија најчесто се ординираат соодветни антибиотици. Ако сте жена постара од 40 години можна е потреба од дополнителна биопсија бидејќи ретко, но понекогаш оваа маса може да биде рак.

Третман и терапија

Во зависност од состојбата на цистата лекарот одредува терапија, истата може да се спроведе дома со купки, но најчесто е потребен хируршки третман, за да се дренира содржината на големите цисти.  Исто така како што напоменавме често е потребна и антибиотска терапија која ја препишува лекарот.

 

www.doktori.mk, 08.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина