Доктори.мк | Сајберхондрија - Кога интернетот ќе стане ваш матичен лекар | Sajberhondria---Koga-internetot-ke-stane-vas-maticen-lekar | Портал за медицина и здравје

Сајберхондрија - Кога интернетот ќе стане ваш матичен лекар

Колку често ви се случува кога не ви е добро или кога имате телсесни промени кои се нетипични решението да го барате на Google и да си донесете сопствена дијагноза без да побарате лекарски преглед? Сајберхондрици се луѓе кои самите на себе си поставуваат дијагноза благодарејќи на информации кои се добиени од интернет. Сајберхондрија е нова болест карактеристична за 21-век.

Гугл заедно со сите портали наменети за медицина, здравје и фармација, вклучувајќи го и Доктори.мк се добар извор преку кој можете да се информирате за вашето здравје, да побарате совети, мислења и искуства со помош на кои полесно ќе ја пребродите состојбата, односно болеста со која сте соочени. Но, лекарскиот преглед никако не смее да го замените со поставувања на сопствена дијагноза базирајќи се на податоци на интернет, без разлика на тоа колку симптомите што сте ги прочитале се слични со оние кои вие ги имате.

Прво кај лекар па на интернет

Најдобро е откако ќе забележите промени на своето тело или физиолошка функција на некој орган прво да побарате лекарски преглед. Откако лекарскиот преглед ќе биде завршен и вие ќе добиете дијагноза, тогаш е време за гуглање и споделување на искуства и информации во врска со вашата состојба. 

Доверливи извори

Секогаш за да се информаирате користете ги порталите кои се наменети за медицина, фармација и здравје, бидејќи тие содржат текстови кои се наменети за информирање на општата популација.  Сајтовите на светските здравствени организации се исто така проверени и сигурни информации на кои можете да им верувате. Сепак, кој и да е сајтот мора да разберете дека интернетот никако не може да биде заменет со физичкиот преглед од страна на лекар.

Барајте решение, а не проблем

Барајте искуства, совети и мислења за вашата дијагноза која веќе ви е поставена, а кои мислења ќе ви помогнат полесно да ја пребродите болеста. Информирајте се за хроничните заболувања и на пример сексуално преносливите болести, но немојте да си пронаоѓате симптоми себе си. Ако се сомневате дека нешто патолошко се случува со ваштето тело побарајте физикален преглед од лекар, но ако сте личност која постојано смета дека болеста за која чита ја има и кај себе тогаш спаѓа во групата на сајберхондрици и е можеби подобро да не пребаруба податоци за заболувања на интернет без да има посебна причина за тоа.

Форумите се за споделување искуства не за поставување дијагнози

Како што веќе рековме форумите за медицина и здравје како што е форумот на доктори.мк главно се наменети за споделувања на искуства и совети околку решавање на одреден здравствен проблем. Ниту еден форум не може да ви одреди точна дијагноза, бидејќи истата не е можна без соодветен преглед од матичен лекар или специјалист.

 

 

www.doktori.mk, 08.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина