Дали стетоскопот може да биде ризичен по здравјето на пациентите?

студент на медицина

Во денешно време одбележје на секој лекар претставува стетоскопот. Но сте се запрашале ли преку колку пациенти поминува тој секојдневно ? Стетоскопот може да биде носител на опасни бактерии на неговата површина кои можат да предизвикаат и сериозни заболувања.

Швајцарските направиле истражување во кое била испитана кожата на пациентот и лекарот, како и кружниот дел на стетоскопот. Се дошло до заклучок дека делот со кој се допира пациентот е многиу контаминиран.

Како да се спречи?

Еден преглед тешко дека може да се замисли без стетоскопот. Затоа е неопходно истиот да биде солидно дезинфициран, за опасните бактериите да не “завршат” на пациентот. Освен хигиена на стетоскоп, важна е и хигиената на рацете, кои по конаминираност го завземаат второто место по стетоскопот.

Бидете внимателни

Некои пациенти кои имаат намален имунитет можат да заболат и од бактерии кои нормално не предизвикуваат болест кај човек со здрав имунитет. Затоа важно е пред секој преглед да се прави кратко стерилизирање на површината на стетоскопот со цел да се намали ризикот од пренесување на опасни интрахоспитални инфекции.

 

Дознјате повеќе за Стефан Илиевски>>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 07.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина