Бучавата и младите

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

Слушањето на бучна музика му штети на слухот. Екстремно гласен рок концерт или слушање музика преку едноставни слушалки што се слуша МП3 плеер или волкмен можат неповратно да ги уништат слушните клетки.

Денеска докторите опоменуваат на сериозен проблем меѓу младите: младите и адолесцентите се застрашувачко наглуви. Истражувањата покажале дека 25 отсто од осумнаесетгодишната младина имаат неповратно ослабен слух. За тоа најголем виновник се нездравите навики. Слабеењето на слухот не боли, се одвива незабележително и во почетокот не влијае на способноста на говорот. Како главна причина стручните лица ја наведуваат зависноста на денешниве адолесценти од бучава. Во голем број на дискотеки висината на бучавата се движи околу 110 или 120 децибели (dB). Слична бучава доаѓа во ушите и преку едноставни слушалки со кои се слушаат МП3 плеерите или волкмените.


Човечкиот слух, кој во текот на неговата еволуција се развивал за препознавање на опасностите во тишина, не е подготвен за вакви услови. Освен тоа, многумина не знаат дека скалата на децибелите не е линеарна, туку е логаритамска крива. Со други зборови речено: зголемувањето од 20 dB на 30 dB одговара на десет пати зголемен притисок, покачувањето од 20 на 40 dB создава сто пати поголем звучен притисок... (види табела). Иако медицината им дозволува на децата висината на бучавата да е до 30 dB, во многуте училишта денеска се мерат и до 80 dB, што одговара на апсолутната вредност на звучниот притисок од 100 милиони наместо 1000.


Таквите големи звучни оптоварувања им ги одземаат на слушните клетки супстанците потребни за спроведувањето на звучните дразби до центарот на мозокот и на тој начин се создава акутното намалување на прагот за слушање. Оттука доаѓа и заглувенсота после, на пример, престој во дискоклуб, кога се чувствуваме како во нем филм.
Од јачината на зачестеноста на оптоварувањето на слушниот нерв зависи дали неговите клетки ќе се обноват или ќе изумрат. Ако после еден бучен концерт следуваат 48 часа одмор, односно, акустично опоравување, слухот, обично, ќе се опорави. Но, ако бучавата во училиштето, користењето на слушалките или слушањето на силна музика се нижат во низа и се надополнуваат, слухот станува трајно оптоварен, односно нема време да се опорави, губењето на слухот станува хронично. Иако звучи чудно, сепак, правилото за добар слух е: детето мора добро да слуша за да може да си ги развива своите умни потенцијали, а за оние што добро слушаат им треба тишина за да го сочуваат здравиот слух.



Критична висина на буката што предизвикува акутно оштетување е 140 dB во траење од неколку милисекунди.
 При хронично оштетување со бучава доаѓа до оштетување на чувствителните клетки во внатрешното уво. Ако изложувањето на бучавата потрае, секундарната неврална дегенерација ќе го зафати и слушниот нерв и слушните јадра во мозочното стебло. Акутната повреда со бучава (акустична траума) е оштетување на невралните делови на внатрешното уво предизвикано од непосредно изложување на звукот со силна акустична енергија. Акустичната траума предизвикува сериозен губиток на слухот за разлика од долготрајната изложеност на звук со пониска фрекфенција. Освен јачината и фрекфенцијата на звукот, на оштетувањето на слухот дејствува дневната и годишната изложеност на бучавата, животната старост, болестите на увото, просторот, како и положбата и оддалеченоста на увото од изворот на бучавата.

Бучавата предизвикува зголемено лачење на хормонот на стресот, кортизолот и, освен на слушниот орган, дејствува на целиот организам.
За добар слух потребна е беспрекорна врска меѓу надворешното, средното, внатрешното уво и слушните центри во мозокот. Различните типови на буката, па дури и звуците што се надвор од фрекфенцијата, а ги регистрира човечкото уво, имаат значајно влијание на нервниот систем. Не само гласната или ненадејната бучава, туку и хроничната бука со низок степен негативно влијае на мозокот, зголемувајќи го излачувањето на хормонот на стресот, на кортизолот, кој со своето хронично претерано излачување штетно дејствува на подрачјето значајно за учење и за паметење. Резултат на тоа се тешкотиите во учењето, лошите резултати во читањето, позабавен развој на јазичните способности, лошото расположение, губењето на концентрацијата, замор и слаба работна способност.



Неможноста да си го сфати своето сопствено однесување е една од причините младите што се изложуваат на бучавата.
Според најновите истражувања, се смета дека созревањето на мозокот трае подолго отколку што се веруваше. До потполна зрелост доаѓа дури околу 25. година на животот. Станува збор за деловите од мозокот што управуваат со сложени работи и однесувања, како: способност на организација, контрола на импулсите, сфаќање на сопственото однесување... Интензивноста на чувствата си бараат противтежа во силни дразби, па затоа така се и однесуваат во ризични состојби, без разлика дали станува збор за возење на брзи автомобили, за полови односи без заштита или за слушање на гласна музика. Последиците не можат да ги согледат на зрел начин, а и карактеристика на таа возраст е начинот на борбата против своите стравови од растењето и од прифаќањето на одговорноста.

 

Што не поднесува увото

 

Состојба

dB

Максимално траење на оптоварувањето до појавата на опасноста за оштетувањето на слухот

Тивка соба, ноќе

20

Тивко шепотење, звук от птички

30

Тивко радио, дневна висина  на буката во дневна соба, нормален разговор

40–50

Гласно довикување, силен звук од ветер, крекање на жаба

60

Бучава во стан на прометна улица

70

Косилка на трева, автомобил во градска возидба на одалеченост од 5м

80

Градска улуца со повеќе ленти

85–97

8 часа

Електрична пила за дрва сечење

100

15 минути

Пнеуматска ударна дупчалка

110

помалку од 2 минути

Бучна дискотека

115

помалку од 2 минути

Максимален глас на вообичаен волкмен и МП3 плеер

120

Помалку од 30 секунди

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

останати статии од авторот >>>

www.doktori.mk, 07.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил