Доктори.мк | Како сообраќајниот метеж влијае на вашето здравје? | Kako-soobrakajniot-metez-vlijae-na-vaseto-zdravje | Портал за медицина и здравје

Како сообраќајниот метеж влијае на вашето здравје?

.... тој, звук мора да е алармот, кој ден е денеска....? Пак на работа, доцнам... Мора да стигнам овој пат на време, ах оваа автошкола, од каде пак сега овој камион? Автомобилот ми е потребен, без него јас не можам да функционирам, но секогаш тој метеж, секогаш некој ме кочи ...

Ова сигурно е честа ваша помисла особено ако работите во некој поголем град и секое утро се обидувате навреме да се одвезете до работа и назад. Ако работите во класично работно време тогаш сигурно се соочувате со огромни проблеми во сообраќајот додека да стигнете до саканата цел. Ние денес сакаме кратко да анализираме како сообраќајниот метеж влијае на вашето здравје ...

Холестеролот и шеќерот рапидно растат

Дури и кога метежот не е толку голем возењето и престројувањето низ улиците го расте шеќерот, а со тоа и холестеролот, зголемувајќи ги шансите за многу познати заболувања за кои веќе сме пишувале. Ова го потврдиле многу истражувања.

Расте ризикот од депресија

Секојдневното возење Ве изолира од околината, ве прави осамени и програмирани, а со тоа се зголемува и ризикот од депресија.

Крвиниот притисок забележително се покачува

Крвниот притисок расте, холестеролот, шеќерот ... Се ова укажува на драстично зголемување на шансите за срцев и мозочен удар.

Несоница

Ако се возите повеќе од 45 минути дневно сигурно имате проблеми со несоницата. Истражувањата сугерираат на тоа иако не се знае точно зошто. Се смета дека и повторно проблемот е во несоницата.

Проблеми со болки во грбот

Скоро секој професионален возач има болки во грбот. Научниците велат дека седењето во автомобилот предизвикува проемни на рбетниот столб. Затоа ако секој ден поминувате повеќе од еден час во автомобил ризикувате од проблеми со рбетниот столб.

Затоа ...

  • Станете порано

  • Возете полека и внимателно

  • Барем еднаш во неделата одете со градски автобус

  • Барем еднаш во неделата вратете се до дома пешки

  • Вдишете длабоко секогаш кога ќе ви дојде на јазик вулгарен збор предизвикан од возачот пред вас

 

 

www.doktori.mk, 04.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил