Болка во дојките - Масталгија

Болката во дојките кај жените е честа појава и се јавува во различни периоди од животот. Таа се нарекува масталгија и според некои научници истата се појавува кај скоро 70% од жените во некој период од животот.

Три типови на масталгија

  • Клиничка масталгија, е болка во дојките која се појавува пред појава на менструација и варира во јачина од месец во месец

  • Не-клиничка, е болка во дојките која се појавува независно од менструацијата

  • Болка која потекнува од градниот кош, всушност не е масталгија ама се чувствува како таква, жариштето на проблемот е градниот кош

Кај некои жени боката во градите е карактеристика на ПМС, кај некои пак се појавува пред менструација само понекогаш, сепак важно е да се нагласи дека ако имате болка во градите која ве вознемирува треба да посетите лекар. Најпрво, не треба да паничити бидејќи каква и да е боката ретко може да станува збор за рак, ракот предизвикува болка во понапредни стадиуми и обично се работи за нешто сосема друго. Затоа отидете на преглед без страв!

Како се манифестира клиничката масталгијата?

Масталгијата најчесто се манифестира како:

  • Болни сензации и при нежен допир на дојките

  • Болка околу циклусот

  • Градите ви изгледаат како да се поттечени

  • Болката често знае да варира и кон пазувите

  • Болката најчесто се јавува кај млади жени во плоден период

Како се манифестира не-клиничката масталгија?

  • Се појавува вообичаено во една дојка, често се шири кон брадавицата

  • Почеста е во менопауза

  • Болката не реагира на менструалниот циклус

  • Болката може да варира од остра и моментна до трајна и жаречка

Причини за појава на масталгија?

  • Најчеста причина е хормонален дисбаланс

  • Фиброцистични промени во дојката

  • Кај псевдомасталгијата(третата група) често проблемот е поради воспаление на ребрата

  • Поретко канцерогени појави

  • Воспалителни процеси во дојката

Терапија

Терапијата е зависна од причината. Најчесто се дава хормонска терапија, но може да се применат и други методи и лекови во зависност од причинитрелот на масталгијата

 

 

 

 

www.doktori.mk, 04.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина