Доктори.мк | Занимливости за кондомите кои не сте ги знаеле | Zanimlivosti-za-kondomite-koi-ne-ste-gi-znaele | Портал за медицина и здравје

Занимливости за кондомите кои не сте ги знаеле

студент на медицина

Познато е дека кондомот е еден од најкористените презервативи во светот. Годишно се продава во милијарди примероци. Прочитајте некои помалку познати факти за него.

Чудни египетски цртежи

Археолозите на територијата на стариот Египет имаат пронајдено цртежи од мажи со одредени нешта кои многу наликуваат на денешните кондоми, па се проценува дека биле употребувани  од многу порано.

Првите кондоми

Во 16ти век на просторите на Азија се појавува заштитна навлака, која во Кина се правела од свила, а на останатите простори од внатрешните ограни на животни.



Американците најчести купувачи

Статистиката вели дека американците најмногу ги употребуваат кондомите, со годишна бројка од 618 милиони. Дневно тоа би изнесувало околу 1,7 милиони кондоми.

Месец на кондомите

Во САД, тоа е фебруари, додека на нашите простори вакво нешто не се одбележува. Со слична тематика, ние го одбележуваме 1 декември, денот на борба против СИДА.



Најчести купувачи

Најчеста старосна група во која се купуваат кондомите е од 18 до 24 години. Статистиката покажува дека мажите доминираат со 70 проценти во вкупната продажба.

Различни континенти различни вкусови

Американците преферираат обични кондоми, додека европјаните сакаат сакаат да експериментираат со различни дизајни и мириси. Бразилците пак ги предпочитаат кондомите со мирис на мента.



Дознјате повеќе за Стефан Илиевски>>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

www.doktori.mk, 02.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - занимливости