Лецитин

доктор на медицина

Лецитинот е липидна материја која е откриена во 1805 год., кога за прв пат била деривирана од жолчка од јајце. Оваа супстанца е природно присутна во храната од растително, како и од животинско потекло: во јајцата, соините зрна, сончогледот, гроздовото семе, пченичните никулци итн.


Лецитинот е фосфолипид (комбинација на фосфор и есенцијални масни киселини) и како таков претставува многу важна структурна компонента на секоја клетка на човековото тело. Тој е есенцијален конституент на човековиот мозок и нервниот систем и е исто така многу важна градивна компонента на ендокрините жлезди и мускулите на бубрезите и срцето. Лецитинот помага во превенцијата на артериосклерозата, штити од кардиоваскуларни заболувања и помага во одржувањето на здравјето на црниот дроб и бубрезите. Тој ја подобрува апсорпцијата на А и Б витамините во организмот, овозможува заштита на црниот дроб од замастување и создавање на камчиња и воедно може да помогне во неговата регенерација во случаеви на оштетувања предизвикани од прекумерно консумирање на алкохол.


 Холинот и инозитолот, кои се две главни структурни компоненти на лецититнот ги штитат артериите од стврднување и ги превенираат болестите на срцето со тоа што го подобруваат разградувањето на мастите и холестеролот. Во научниот свет лецитинот е познат како синоним за фосфатидил холин, биохемиска материја која е одговорна за сите позитивни медицински ефекти кои лецитинот ги има врз човековото здравје. Научните студии покажуваат дека лецитинот помага во намалувањето на нивото на холестеролот во крвта и на тој начин го заштитува организмот од срцеви или мозочни удари. Тој го зајакнува и подобрува здравјето на срцето и се препорачува за третирање на различни нервни и кардиоваскуларни заболувања и оштетувања, па дури и дегенеративни заболувања како што е мултиплекс склерозата и губитокот на меморија.


Медицинска примена:

  • Ја подобрува меморијата и концентрацијата;

  •  Се користи во превенција и третман на кардиоваскуларни болести;

  •  Го намалува нивото на штетниот холестерол во крвта;

  •  Помага во заштита на црниот дроб и третманот на камчиња во жолчката;

  •  Го намалува ризикот од појавата на канцер;

  •  Го нормализира репродуктивното здравје;

  •  Ги смирува артритичните, ревматските и метереопатските болки во зглобовите;

  •  Има позитивно влијание во одржувањето на здрава кожа, коса и нокти.

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 28.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - фармација