Доктори.мк | Генетски модифицирани јаболки кои не скапуваат наскоро во промет | Genetski-modificirani-jabolki-koi-ne-skapuvaat-naskoro-vo-promet | Портал за медицина и здравје

Генетски модифицирани јаболки кои не скапуваат наскоро во промет

Генетски модифицирани јаболки кои не скапуваат наскоро ќе се појават на пазарот. Јаболките во моментот се тестираат во САД под контрола на USDA. Јаболката досега ја менуваа бојата како резултат на реакција на кислородот со одрефени ензими од овој плод, но сега, според научниците ова ќе стане минато.

До сега луѓето го спречуваа овој процес со разни кујнски трикови, како додавање на лимонова киселина, но научниците велат дека во новите јаболки нема да има скапи хемикалии туку само ќе бидат променети гените кои се одговорни за ензимите кои прават јаболкото да ја менува бојата и да скапува. Австриските научници долго време работеле на овој проект, сега велат дека истиот бил успешен и дека ваквиот тип на јаболка наскоро ќе може да се пушти во промет.

Експертите со поделени ставови околу тоа дали е правилно да се консумира вакво овошје. Но, сепак повеќето тврдат дека тие се безбедни и дека дури е многу подобро бидејќи ќе ги потикнуваат луѓето почесто да ги консумираат. Доколку се одобрат, овој тип на јаболки наскоро ќе започнат да се одгледуваат.

www.doktori.mk, 27.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана