Доктори.мк | Неверојатни состојки пронајдени во мајчиното млеко | neverojatni-sostojki-pronajdeni-vo-majcinoto-mleko | Портал за медицина и здравје

Неверојатни состојки пронајдени во мајчиното млеко

извор: www.ringeraja.mk

 

Мајчиното млеко содржи 5 важни состојки кои му помагаат на бебето да расте. Состојки кои не можат да се пронајдат во млечна формула, бидејќи не можат да бидат репродуцирани. Ви ги претставуваме петте состојки и нивниот бенефит во животот на бебето.

Протеини

  • Протеинот кој го содржи мајчиното млеко полесно се вари, во нежното стомаче на бебето, од другите протеини.
  • Супстанцијата наречена таурин, која е пронајдена во мајчиното млеко, е задолжена за правилен развој на мозокот и очите на бебето.
  • Лактоферинот, врзувачки протеин на железото, кој е исто така пронајден во мајчиното млеко, го намалува степенот на железо кој е изложен на бактерии, виновни за анемија кај бебињата.

Дигестивни масти

  • Мастите се составен дел на мајчиното млеко и тие се оние кои му ја даваат на бебето потребната енергија. Квантитетот на мастите е најголем на почетокот на доењето и се намалува со неговото привршување.
  • Липаза е ензим кој ги раствора маснотиите со цел тие да бидат полесно апсорбирани во крвниот систем.
  • Масните од мајчиното млеко се многу важни за правилен развој на мозокот на бебето.

Хормони и ензими

  • Овие два елементи, кои не можат да се најдат во млечна формула, се оние кои влијаат на метаболизмот на бебето, на неговиот ментален и физички развој.
  • Важна состојка, пронајдена во мајчиното млеко, е лизозом, кој ги штити цревата на бебето од бактериска инфекција.

Витамини и минерали

  • Витамините и минералите се значајна компонента во мајчиното млеко. Тие се од голема важност бидејќи се веќе обработени и многу побрзо се апсорбираат во крвотокот, што помага за побрз развој на доеното бебе.
  • Значајни минерали кое се пронајдени во мајчиното млеко се: железо, калциум и фосфор.

Имуноглобулини

  • Уникатната состојка на мајчиното млеко се имуноглобулините. Тие можат да се најдат единствено во мајчиното млеко и се најдобри борци со бактериски и вирусни инфекции.

 

 

Ова се петте неверојатни состојки на мајчиното млеко, кои не можат да се најдат во млечна формула, ниту во ниедна друга храна, а кои се најважни за правилен раст и развој на бебето.

 

 

 

www.doktori.mk, 24.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана