Храна која е штетна за вашиот дигестивен систем

Истражувањата покажале дека луѓето многу ретко внимаваат на тоа, дали храната што ја внесуваат е штетна за нивниот дигестивен систем. Но, кога нашиот дигестивен систем е преосетлив тогаш едноставно мораме да внимаваме, да не внесуваме храна која е штетна за дигестивниот систем. Денес ќе ви презентираме која храна е штетна за вашиот дигестивен систем и треба да се избегнува ...

Масна и пржена храна

Оваа храна е многу лош избор за луѓето кои патат од "киселини во желудникот". Taa го оптеретува желудникот и го отежнува варењето. Од ваква храна мора да се чуваат и луѓето кои патат од синдром на иритабилни црева.

Чили пиперки

Луѓето кои имаат чир, патат од киселини или пак имаат проблеми со хранопроводот едноставно треба да заборават на чили пиперките. Иако се свусни тие се многу иритативни и со нив треба особено да се внимава.

Млеко - Нетолеранција на лактоза

Многу чест проблем меѓу луѓето. Ако сте и вие од таа група на луѓе кои не можат да ја поднесат лактозата, тогаш избегнувајте да консумирате пресно млеко.

Алкохол

Алкохолот го опушта телото, но и сфинктерот на хранопроводот. Затоа ако патите од киселини во желудникот, немојте да консумирате алкохол, во спротивно очекувајте влошување на симптомите.,

Чоколада

Чоколадата треба да ја избегнуваат луѓето со дигестивни проблеми. Особено луѓето со синдром на иритабилни црева, хронична опстипација или други дигестивни пореметувања.

Наместо овие намирници користете повеќе ...

  • Јогурт

  • Зелка

  • Ѓумбир

  • Целозрнести житарици

  • Банани

 

www.doktori.mk, 23.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана