Седењето е тивок убиец

"Постојано морам да седам, таква ми е работата" ова е чест изговор на луѓето кои ќе прочитаат статија поврзана со оваа тема. Но, ова не е оправдување бидејќи ако се сака секогаш може да се влијае за намалување на ризикот од разни болести кои ги носи сењето.

Последните истражувања остро сугерираат дека долгото седење е штетна навика. Тие велат дека седењето неколкукратно го зголемува ризикот за многу заболувања. Едно од истражувањата покажало дека секој час плус седење кај лицата постари од 60 години, го зголемува ризикот за инвалидитет од некоја тешка болест за 50%. Постојаното седење го прави организмот многу по склон кон дебелеење, па ова отвора нов круг на ризици кои доаѓаат со дебелеењето како што се дијабет, срцеви пореметувања кои се резултат на дебелеењето и намалената физичка активност, како и многу други метаболни нарушувања особено на дигестивниот систем.

Истражувањата покажале дека луѓето кои постојано седат имаат за 54 % поголеми шанси да добиат инфаркт, што воопшто не е бројка за занемарување. Исто така и седењето ве прави склони кон разни видови на ментални нарушувања. Истражувањата покажале дека луѓето чија работа е постојано да седат многу често патат од разни типови на ментални растројства, за разлика од луѓето чија работа е по динамична.

Интересен е фактот кој го истакнуваат научниците по последните истражувања, а кој вели дека секој час кој еден човек постар од 25 години го поминува во седење, го крати неговиот живот за 22 минути. Седењето е еден од главните егзогени фактори кои влијаат на појавата на колоректален карцином и други типови на дигестивни симптоми. Затоа наш совет е секогаш да се трудите да најдете време да се раздвижите без разлика од каков тип е вашето работно место.

www.doktori.mk, 22.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил