Исхраната богата со есенцијални масни киселини го намалува ризикот од срцева слабост

доктор на медицина

Срцевата слабост, која се појавува во моментот кога срцето не е повеќе во состојба да пумпа крв за потребите на организмот, е водечка причина за хоспитализација меѓу луѓето постари од 65 години, а се карактеризира со симптоми како замор и слабост, отежнато одење, забрзан или неправилен срцев ритам и постојана кашлица и визинг.


Една порција неделно со риби богати со есенцијални масни киселини може да го намали ризикот од срцева слабост кај луѓето, според најновите истражувања од САД и Шведска. Бенефитот се поврзува со содржината на Омега-3 во рибите, наведуваат истражувачите од Beth Israel Deaconess Medical Center (IDMC) и Karolinska Institute во Шведска во списанието European Heart Journal. Највисокиот внес на морската Омега-3 масна киселина е поврзан со намалување на ризикот од срцева слабост за 33%. Како и да е, поголем внес не покажал дополнителен бенефит.
„Поранешните истражувања покажаа дека рибите кои содржат масни киселини и Омега-3 масните киселини помагаат во борбата против ризик факторите од голем број кардиоваскуларни состојби, како што е намалувањето на триглицеридите, намалување на крвниот притисок, срцевата акција и нејзината варијабилност“, наведува водечкиот автор проф. д-р. Emily Levitan.


„Во поширока смисла, ова може да ја објасни поврзаноста на намалениот ризик од кардиоваскуларни заболувања и одредени карциноми, добриот развој на фетусот за време на бременоста, здрави зглобови и подобрено расположение и однесување.“ Новата студија се вели дека е една од најголемите до сега која ја проучува поврзаноста помеѓу внесот на Омега-3 и срцевата слабост: речиси 40 000 Швеѓани на возраст помеѓу 45 и 79 години биле следени помеѓу 1998 и 2004 година.


Според Levitan и неговите соработници, конзумирање една порција на риба богата со масни киселини неделно може да помогне во намалувањето на ризикот на развој на срцева слабост за 12%, во споредба со луѓето кои не конзумираат риба богата со масни киселини. Истражувачите ги анализираа податоците од 39 367 средовечни и постари Швеѓани без претходна историја за срцеви заболувања или дијабет. За време на студијата, 597 луѓе развиле срцева слабост, а 34 луѓе умреле.


Како дополнување на трендот за намалување на ризикот од срцева слабост за луѓето кои конзумирале една порција на риби богати со масни киселини неделно, луѓето кои конзумирале просечно 0.36 грама дневно на Омега-3 масни киселини имале за 33% помала веројатност за развој на срцева слабост за разлика од луѓето кои малку или воопшто не конзумирале морска Омега-3 киселина, додава Levitan и неговите соработници. „Моменталните препораки од Американската Асоцијација за Болести на Срцето се конзумирање на риби богати со есенцијални масни киселини два пати неделно. Многу е важно, во иднина, да се применат овие заклучоци и во останатите популации“, наведува Levitan.

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 22.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана