Хематоспермија - Крв во спермата, дали е опасно, зошто се јавува?

Хематоспермија претставува појава на крв во ејакулатот. Ова често предизвикува голема паника кај мажот и страв од најсериозните болести, како и страв од можноста да се остане неплоден. Но, дали хематоспермијата е толку опасна? Дали секогаш укажува на сериозно заболување? Која е етиологијата на нејзиното настанувња? Прочитајте ...

Кога ќе забележите крв во спермата, нема потреба веднаш да паничите и да мислите дека сте многу сериозно болен. Лекарите велат дека во некои случаеви крв во спермата е еднакво опасна како и кога потече крв од носот. Но, сепак појавата на хематоспермија бара консултација со лекар бидејќи понекогаш може да укажува и на сериозни заболувања. Експертите велат дека во 50 % од случаевите потеклото на крвта во спермата е непознат, а причината за тоа е што семената течност се формира благодарејќи на повеќе органи. Често процесот е реверзибилен и по едно појавувањето повеќе никогаш не се појавува, но некогаш знае да  се јавува и многу често.

Најчеста причина за хематоспермија според експертите во оваа област се простата и жлездите кои ја фомрираат семената течност, а не ретко причината е и во тестисите. Крвта во спермата често е причинета од воспалителни процеси кои се јавуваат на органите кои ја формираат семената течност, доколку воспалението се стави под контрола самото или со лекови, оваа состојба повеќе не се појавува. Доколку воспалението е силно и не се открие навреме може да остави трајни последици по органот кој е засегнат. Сепак во мал број случаеви крвта може да симптоматизира присуство на карциноматозни лезии и поради ова се советува секоја хематоспермија да се провери брзо на лекар специјалист.

Лекарите велат дека крв во семената течност може да се јави и како последица на претерани сексуални односи, чести ејакулации во текот на денот, кои обично се безопасни. Затоа доколку крвта се појавила еднаш и притоа не се појавува веќе најверојатно не се работи за ништо особено и ако не чувствувате други спимптоми и немате повторувани вакви случаеви, немате воопшто потреба за паника. Но, доколку се јавува често или повремено, морате да побарате лекарска помош. Уролозите советуваат на редовна самоконтрола, нормално и секогаш да ги забележувате промените на семената течност, и доколку забележите било што кое ве загрижува да побарате лекарски совет.

 

 

www.doktori.mk, 21.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина