Зошто се јавуваат подочниците, и што означуваат?

Лицето е огледало на здравјето, ова е поговорка која често може да се слушне меѓу луѓето и е навистина точна. Ако зборуваме за подочниците тие често можат да бидат наследна и безопасна појава, но можат и да укажуваат на сериозни заболувања!

Подочниците можат да се јават како резултат на долга дехидрација и застој на лимфата и венската крв во малите крвни садови, што се нагласува во пределот на подочниците. Подочниците можат да варираат во бојата и големината, како и во формата. Подочниците кои имаат темна боја, притоа се набабрени и изгледаат како да се исполнети со течност, најчесто укажуваат на проблеми со бубрезите. Ендокринолозите велат дека темните подочници често можат да се јават и како резултат на хормонски дисбаланс и тоа треба да се разликува од останатите симптоми во кои се поврзани подочниците како знак.

Подочниците можат да се јават и во разни состојотби на телото, како што се анемии, стрес, старост, исцрпеност, премореност и слично, ова се безазлени состојби и се реверзибилни. Не карактеристични подочници можат да се јават како резултат на недостаток на витамини и минерали,  Експертите советуваат дека луѓето на кои наеднаш им се појавуваат подочници без притоа порано да постоеле или да биле карактеристични за него и неговата фамилија да побараат лекарски совет. Лекарот ќе ве испрати да направите соодветни лабораториски анализи кои ќе укажат на тоа дали има или нема место за паника.

Главни причини зошто се јавуваат подочници:

  • Генетска предиспозиција
  • Насобирање на вода во организмот (бубрези)
  • Алергии
  • Постпородилно
  • Поради недостаток на витамини, протеини или минерали
  • Несоница, замор, стрес и други акутни состојби на организмот

 

Што можете да направите:

  • Kористете креми со витамин К и витамин Ц
  • Ладни облоги 
  • Масажа на очите за стимулирање на циркулацијата
  • Најдобро да се елиминира причинителот на заболувањето

 

www.doktori.mk, 19.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина