Доктори.мк | Мудри мисли изговорени од умните, наменети за здравјето | Mudri-misli-izgovoreni-od-umnite,-nameneti-za-zdravjeto | Портал за медицина и здравје

Мудри мисли изговорени од умните, наменети за здравјето

Здравјето, како да биде подобро? Како да го сочуваме телесното и душевното здравје? Како да живееме подолго? Што всушност подразбираме под поимот "здравје"? Многу светски познати писатели, научници, истражувачи, политичари, пробале да дадат умна мисла наменета за здравјето, која ќе остави впечаток во историјата, денес ви одвојуваме неколку од нив, кои според нас заслужуваат да се најдат на местото на "најмоќните" ...

„На светот постојат многу луѓе кои многу време трошат на грижата за здравјето, па немаат време да уживаат во него“Билингс

„Докторите се луѓе кои пропишуваат лекови за кои знаат малку, за да спречат болести за кои знаат уште помалку, за луѓето за кои не знаат ништо“ - Волтер

„Должност ни е да го чуваме нашето здравје, инаку нема да имаме здрав и чист ум” – Буда

„Рецептот за долг и здрав живот е умереност, чист воздух, лесна работа и малку нега”- Филип Сиднеј

„За да го продолжите животот, намалете ги оброците” – Франклин

„Луѓето се најдобри кога имаат најлошо здравје“. - Шопенхауер

 „Во здраво тело – здрав дух!“ - Келер

„Двете вистински и најголеми човекови несреќи се: да немаш здравје и да немаш пријатели“. - Андриќ

„Човекот е како песочен часовник. Времето поминува незабележително. И само еден ден ќе почувствуваме како зрнцата песок се спуштиле на долниот дел од часовникот, во бубрезите, жолчното ќесе и мочниот меур“. - француска поговорка

„Болен човек кој што ќе се помири со тоа дека е болен, никогаш нема да оздрави“. - Фишер

„Планирајте го целото пладне за вежба и рекреација, бидејќи тие се подеднакво потребни како и читањето, дури и повеќе потребни од него, бидејќи здравјето е поважно од науката” - Џеферсон

„Не се плашам од човекот кои 10 000 удари ги вежбал по еднаш, но страв ми е од оној кој еден удар вежбал 10 000 пати“- Брус Ли

Чувајте го вашето здравје ... каква и професија да имате, каков и автомобил да возите, каков и имот да поседувате, ќе бидат апсурдни, ако вашето здравје е нарушено ... - доктори.мк

 

 

www.doktori.mk, 18.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил