Зошто утринскиот секс е добар за вашето здравје?

Секс наутро, на мажите обично им звучи како добра идеја бидејќи тие обично се соочуваат со утринска ерекција, но жените често го одбиваат овој предлог со изговор дека апсолутно ништо не им се прави рано наутро, особено кога пред нив е тежок работен ден. Денес ќе пробаме да ве разубедиме, бидејќи ќе ви презентираме зошто утринскиот секс е добар за вашето здравје ...

Секс за добар почеток на денот

Утринскиот секс спротивно на вашите мислења ќе ве расони и ќе ве направи весели и насмеани. Сексот има смирувачко дејство врз организмот, па во денот што ви претстои добро ќе се справувате со стресот на работното место.

Љубовта се зголемува

Љубовта помеѓу вас и вашиот партнер се зголемува, а тоа ќе го забележат сите на работа. Вашата насмевка несебично ќе блеска од вашето лице, бидејќи чувството на блискост уште од рано наутро ќе ви помогне целиот ден да го поминете разбирајќи се со колегите и без проблем извршувајќи ги секојдневните обврски.

Телото и умот се активираат

Сексот наутро го буди и активира организмот, циркулацијата се подобрува, работата на мозокот исто така се зголемува, вие продолжувате низ денот полни со енергија и добра концентрација.

Имунитетот се поправа и јакне

Еден од најдобрите подобрувачи на имунитетот е утринскиот секс. Затоа особено ако сте склони кон чести вирусни заболувања, започнете активно да го практикувате. Освен што ќе си го подобрите расположението, ќе го подобрите и имунитетот.

Утринскиот секс го "задоволува" и срцето

Утринскиот секс го задоволува и срцето, така велат експертите. Тие велат дека три пати неделно утрински секс е еднакво на три пати помал ризик од срцеви заболувања.

www.doktori.mk, 18.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил