Што бојата на урината говори за вашето здравје?

Повеќето луѓе не сакаат да зборуваат за бојата на урината или изметот, но факт е дека тие можат многу да покажат за состојбата на вашето здравје. Денес ќе позборуваме малку за бојата на урината и нејзината поврзаност со здравјето ...

Нормална боја на урина би требало да биде бледо жолта, но во зависност од состојбата на телото бојата знае драстично да варира. Некои варијации се нормални, но некои се алармантни, еве кои се почестите промени на бојата на урината ...

Темно жолта - Ако светло жолтата боја е нормална за урината, темно жолтата боја укажува на телесна дехидратација. Концентрацијата на урината е зголемена, затоа бојата станува потемна. Консумирање на повеќе течности е неопходно кога ќе забележите темно жолта боја на урина.

Црвена - Црвена боја на урина може да укажува на присуство на крв во урина или излачување на некои елементи со црвена боја. Мораме да нагласиме дека црвена боја во урина секогаш е индикација за посета на лекар. Ако забележите ваква боја веднаш побарајте лабораториски преглед, на урината. Крв во урина може да потекнува од бубрезите, мочниот меур, мочоводите, простата, и доколку се докаже хематурија потребно е да се направат испитувања на овие органи.

Темно црвена до црна (кока-кола боја) - Оваа боја на урина  се  јавува поради многу состојби но најчесто се јавува како  резултат на неправилна работа на црниот дроб, сериозни заболувања на црниот дроб, хепатити, карциноми, меланом, цироза и сл.

Портокалова - Портокалова боја знае да се јави често по  земање на некои лекови, но често знае лажно да ве исплаши  ако претходно сте консумирале морков или цитрусни овошја.

Како и да е, каква и да е бојата на вашата урина ако  отстапува од нормалната морате да побарате лекарски  совет кој ќе ве упати на понатамошни лабораториски  анализи. Дури и ако бојата на вашата урина е нормална редовните лабораториски контроли од најмалку еднаш годишно се неопходни ако сакате да го зачувате вашето здравје.

www.doktori.mk, 17.02.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина