Наскоро пристигнуваат контрацепциски таблети за мажи

Вазектомија во таблета - вака ја нерекуваат научниците новата контрацепциска таблета за мажи која според нив ќе биде по безбедна од контрацепциските таблети на жените.

Новата контрацепциска таблета е опишана во списанието PNAS (Proceedings of the National Academy of Sciences) и според научниците таа делува на автономниот нервен систем и не предизвикува никакви нус појави или штетни ефекти по машкото здравје. Научниците велат дека до сега таблетите беа наменети да делуваат на хормони при што се иницирало создавање на не продуктивни сперматозоиди, што всушност е контрацепција но со голем ризик по здравјето. Вазектомијата е добра контрацепција но е иреверзибилна што значи дека мажот никогаш не би можел повеќе да има деца.

Сепак овој нов изум прави мажот да ја задржи спермата како при вазектомија, но не делува на хормони или на продукција на сперма, при што тестисите си функционираат нормално. Затоа научниците оваа таблета ја нарекуваат вазектомија во таблета, бидејќи е лесно реверзибилна, ако се престане со консумација на таблетите мажот повторно ќе си биде нормално плоден. Научниците очекуваат со оваа техника жените да се спасат од честите нус појави кои доаѓаат со земање на контрацепциски таблети за жени.

 

www.doktori.mk, 17.02.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина