Доктори.мк | Знаете ли кои намирници ја намалуваат болката? | Znete-li-koi-namirnici-ja-namaluvaat-bolkata | Портал за медицина и здравје

Знаете ли кои намирници ја намалуваат болката?

Кога нешто не боли, обично веднаш посегнуваме по некој анелгетик и болката поминува. Но анелгетиците како и сите други лекови имаат свои нус појави и лекарите советуваат нивната употреба да се редуцира. Ние денес ќе ви презентираме некои намирници кои докажано влијаат врз намалување на болката. Прочитајте кои се тие ...

Црвени бабури

Освен големото количество витамин Ц, црвените бабури имаат и материја која е наречена бета криптоксантин, која докажано го намалува чувството на телесна болка.

Ѓумбир

Ѓумбирот според познавачите на алтернативната медицина е вистински природен нестероиден антиинфламаторен лек. Тие велат дека ѓумбирот ги намалува воспалителните процеси, делува антипиретички и анелгетски.

Куркума

,Научниците докажале дека материјата куркумин која се наоѓа во овој зачин може да делува и анелгетски врз телото, затоа и оваој зачин го ставаме на списокот намирници кои ги смируваат болките.

 

 

www.doktori.mk, 16.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил