Што претставува предејакулатот и што треба да знаете за него?

Предејакулатот е течност која излегува од пенисот пред да доживеете оргазам. Некои мажи го имаат забележано, други пак не, важно е да се знае дека тој е еден од главните причинители за несакана бременост. Еве што уште треба да знаете за оваа течност ...

Иако некои сметаат дека оваа течност е бескорисна, тоа сепак не е точно, бидејќи и предејакулатот си има своја биолошка функција. Биолошката функција е всушност неговата лубрификација, тој прави пат за поминување на сперматозоидите и полесно оплодување на јајце клетката. Количински е мал, но својата функција целосно си ја извршува, без разлика на тоа што обично излегува во мали количини, па затоа мажите и ретко го забележуваат.

Важно е да се нагласи дека предејакулатот е еден од главните виновници за несаканата бременост. Како што рековме тој се исфрла од пенисот пред оргазамот, што значи мажите не можат баш да го почувствуваат. Оваа течност иако рековме дека е пат за сперматозоидите и самата содржи сперматозоиди, често во доволен број да ја оплоди јајце клетката, особено кај тинејџерите. Ова е и една од главните причини зошто не треба да се практикува секс без кондом, иако вашиот партнер е сигурен дека нема да сврши во вас. Предејакулатот е течност со своја биолошка функција, но е важен да се знае бидејќи тој е одговор на многу честите прашања од типот "Како може да си бремена кога внимавав?".

 

www.doktori.mk, 14.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил