Како жената правилно да се грижи за својата вагина?

Ние не се сомневаме дека вие сте жена која редовно ја одржува интимната хигиена. Сепак денешна тема не е одржувањето на интимната хигиена која секако дека е важна туку да ги сумираме постапките кои треба или не треба да ги правите за да го заштитите здравјето на вашата вагина. Прочитајте ....

Заборавете на тангата и претесните гаќички

Танга гаќичките за секојдневна употреба се дефинитивно многу штетни. Тие предизвикуваат цисти на интимната регија, воспаленија на кожата, воспаленија на бартолониевите железди, и многу други иритации на кожата во целата интимна регија. Носете си редовно нормални гаќички, а тангата оставете ја само за специјални околности.

Наместо плунка, користете лубрикант

Ако зборуваме отворено, влажнењето на пенисот, т.е. вагината со плунка според сите научници е главен причинител за габични инфекции. Затоа купете си лубрикант, никако немојте да практикувате влажнење со плунка.

Престанете да пушите

Престанте да пушуите, бидејќи жените што пушат се двапати по склони да заболат од бактериски вагинози, истакнуваат скоро сите научни истражувања. Ако сакате да имате здрава вагина, која ќе има нормална бактериска флора и ќе ви пружа долго време задоволство, откажете се од оваа шетна и глупава навика.

Не претерувајте со хигиената

Немојте да ја испирате без потреба, немојте да користите сретства кои наводно се специјализирани за женска интимна нега. Користете само вода и нормално миење како и секој друг дел од телото, за да не ја нарушите бактериската флора, во спротивно наместо чиста и негувана вагина ќе го добиете она тотално спротивното.

Уринирање после секс

Уринирањето после секс колку и да ви звучи нелогично и глупаво го намалува ризикот од можни сексуално преносливи болести. Затоа уринирајте секогаш после секс, сите истражувања кои научниците ги направиле ја потврдиле оваа теза.

www.doktori.mk, 15.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил