Tоп пет најчудни способности на човечкото тело

Човековото тело е добро конструирано, може да се прилагоди на разни услови на природата, може да ни сигнализира промени кои се случуваат во организмот или во природата. Некои способности на телото се навистина интересни и чудни, па затоа денес ви ги презентираме топ петте најчудни способности на човечкото тело ...

Болката во зглобовите го предвидува времето

Иако некои луѓе сеуште не веруваат дека ова е вистинито, сепак пред да се промени времето се менува атносверскиот притисок при што реагираат нервните завршетоци во зглобовите, и се јавува болка. 

Привремно слепило укажува на хипотермија

Ако температурата на телото се спушти под -20 степени целзиусови, вазоконстрикциските механизми на крвните садови во окото можат да бидат толку силни што ќе допринесат до привремено слепило.

 

Чувството за мирис може да ве врати во минатото

Едно од најсилните чувства е чувството за мирис. Научниците велат дека само мало количество мирис може да побуди толку емоции што буквално ќе ве врати во минатото. Ова е причината што мирисот на одредени предмети луѓето ги потсетуваат премногу на некои добри или лоши случувања толку силно што можат да доведат до депресија.

Вашите зеници можат да покажат дали некој ви се допаѓа

Ако ви се допаѓа дечкото или девојката до вас тоа можат да го издадат вашите зеници, тие се прошируваат секогаш кога гледате во некој за кого сте заинтересирани, ова се должи на дејството на симпатичкиот нервен систем кој го иницира ширењето на зениците.

Вагината може да се возбуди пред мозокот

Идеата дека мажите се "визуелни суштества" доаѓа токму од ова. Холандските научници направиле истражување со кое покажуваат дека ако жената погледне некој секси маж вагината веднаш може да покаже знаци на возбудување уште пред жената да биде свесна за тоа.

 

www.doktori.mk, 11.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - занимливости