Синдром на постојано возбудување кај жените

Овој синдром прв пат е споменат во 2001 година, се работи за постојано доживување оргзам кај жените без потреба од скоро никаква сексуална активност. Некои жени сведочат за доживување на 300 оргазми во текот на денот, во период кој трае неколку недели.

Овој синдром е доста редок, но овие жени се скоро секогаш во непријатна ситуација. Жената мора да доживее оргазам во спротивно се чувствува конфузно, напнато или се однесува неприродно. Откако ќе доживаа оргазам жената привремено се чувствува олеснето се до новиот нагон кој доаѓа многу скоро.

Овој синдром не е исто што и нимфоманија

Многу често луѓето кои читаат за оваа состојба велат дека се работи за нимфоманија, но не е точно. Жените кои патат од нифоманија бараат постојано сексуално задоволство, но овој синдром нема никаква поврзаност со либидото. Жените постојаните оргазми ги доживуваат како непријатно искуство, тоа го опишуваат како буквална тортура која им ја приредува нивното тело, бидејќи 200 до 300 спонтани оргазми во денот, кој што се повторува 2 до 3 недели е навистина непријатно искуствно.

Состојбата се јавува кај различни профили на жени

Оваа состојба може да се појави кај жените во било која возраст, без разлика со што се занимаваат и дали имаат или немаат редовен секс. Жените за да го доживеат оргазмот кој буквајно ги "притиска" мораат малку да се самозадоволуваат и бидејќи тие бранови доаѓаат многу често и се побрзо еден по друг жените постојано мора да го прават тоа. Овој синдром некои жени ги натерало да имаат дури и суицидални мисли, бидејќи периодот од неколку недели им се присторува како вечност, бидејќи потребата за мастурбирање им се јавува во секоја доба од денот, и во текот на спиењето што често доведува до несоница. Поради ова се нарушува работата и нормалниот социјален живот на жената.

Што е причината?

Причините можат да бидат различни, овој синдром може да се јави и како последица на некои лекови, но често е причинет како резултат на пореметување на нервите.

Лекување

Излекувањето во целост е невозможно бидејќи точната етиологија е непозната. Сепак без срам жените мора да побараат лекарска помош бидејќи постојат лекови кои можат да ги смират симптомите, во краен случај кај жените кои надминуваат 300 оргазми дневно се користи и терапија со електрошокови.

www.doktori.mk, 10.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина