3 години Доктори.мк - нашата приказна продолжува со вас и за вас

" Најголем заеднички предизвик во оваа приказна останува здравјето. Ние ќе ве пресретнеме на патот кон него. "

 

 

Почитувани,

Велат дека третата година на секој електронски медиум е година на зрелоста. Дали ова важи и за Доктори.мк, ќе процените вие. Ние единствено ќе ви признаеме дека работиме посветено и континуирано, и дека се трудиме да бидеме подобри во секој поглед, со секој изминат ден. 

Не радува и охрабрува фактот што и изминатава година го задржавме епитетот најпосетуван портал за медицина и здравје во Македонија.  Нашата мисија токму сега го добива својот најголем жар. Едукацијата во најранливата област за секој од нас - здравјето, не само што не смее да престане, туку мора рапидно да се зголемува. Во тој контекст, за досега постигнатото и за она што следува најзаслужен е фантастичниот тим на автори, кои веќе се етаблираа како пионери во здравствената едукација во Македонија.

 

Очекувајте изненадувања

Ветуваме дека во наредните 365 дена ќе ја оправдаме вашата доверба. Ветуваме новитети и измени кои ќе бидат во корист на читателите. Ветуваме зголемување на моментално најголемата електронска база за популарна медицина на македонски јазик и зголемување на можностите за интеракција со вас.

А за почеток, по повод роденденот ве изненадуваме со освежување во дизајнот, кое веруваме дека ќе ви се допадне.

 

Тука сме за да останеме

Иако сме соочени со многубројни предизвици, ние сме тука да останеме. Нашата четврта година започна, а приказната продолжува со вас и за вас. Најголем заеднички предизвик во оваа приказна останува здравјето. Ние ќе ве пресретнеме на патот кон него. 

 

Живејте мудро и здраво и продолжете да читате Доктори.мк.

 

Со почит,

Д-р Бојан Шешоски

Д-р Благоја Стефановски

М-р Виктор Митревски

Дипл. инж. Никола Пејоски

Роберт Николоски

 

www.doktori.mk, 09.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - занимливости