Доктори.мк | Неколку совети како наутро полесно да се разбудите | Nekolku-soveti-kako-nautro-polesno-da-se-razbudite | Портал за медицина и здравје

Неколку совети како наутро полесно да се разбудите

Имате проблеми со будењето наутро? Денес ви претставуваме неколку совети како да го олесните утринското будење ...

Одете на спиење секогаш во исто време

Секој ден одете на спиење во исто време и оставете најмалку седум часа растојание до периодот кога ќе треба да се разбудите. Телото брзо ќе се навикне и за кратко време за да се разбудите ќе немате потреба дури и од будилник.

Не пијте кафе навечер

Кафето навечер па и да не е буквално пред спиење може да ве остави будни подолго време или пак да го наруши квалитетот на вашиот сон што ќе резултира со поспаност и главоболки наутро. Затоа немојте да пиете кафе навечер особено 2-3  часа пред да одите во кревет.

Релаксирајте се пред спиење

Да се релаксирате пред спиење не мислиме да останете на Фејсбук еден час, мислиме да ги исклучите сите уреди како што е компјутер или телевизор и да се опуштите со некоја добра книга, чаша топол чај или млеко или пак некоја топла купка во која ќе останете барем триесет минути. Ако вака го завршите денот сигурно и наутро ќе се разбудите свежи и полни со елан.

Туширајте се наутро

Веднаш откако ќе станете разбудете го вашето тело со млак туш. Нема подобар начин да го активирате телото од брзото туширање, тоа ќе ве врати во реалноста за кратко време и ќе бидете насмеани и расположени за почетокот на новиот ден.

Станете веднаш по првиот звук на алармот

Докажано е дека, колку и да го продолжувате спиењето за 2 или 5 минути тоа не му влијае на одморот на мозокот. Затоа полека станете уште на првото ѕвонење на алармот, на почетокот ќе биде тешко но подоцна ќе се прилагодите.


 

www.doktori.mk, 08.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил