Животни лекции од мајките за синовите

извор: www.ringeraja.mk

 

Постојат толку животни правила кои родителите треба да им ги пренесат на своите деца – да не пцујат, да бидат љубезни, да го фрлаат ѓубрето, да веруваат во себе... Еве што треба мама да го научи синчето пред да порасне.

Во ред е ако не си спортски тип

Спортот не е за сите мажи. Некои го сакаат, а некои едноставно не се за тоа. Ако не сакаш да се занимаваш со спорт, најди нешто друго и биди среќен.

Научи да готвиш и чистиш

Драг сине, еден ден за ова ќе ми бидеш благодарен. Ќе знаеш да се грижиш за себе, а сите твои љубови ќе ти бидат благодарни, бидејќи си ги совладал основните техники на преживување. Ова те става на листата на посакувани ергени. Немој да бидеш насилник! Немој да бидеш маж кој користи физичка сила за да демонстрира моќ, или да понижува некого. Биди маж кој ќе ги брани слабите.

Користи кондом

Немој да правиш деца, освен ако...си во врска со жена која го сака тоа и си сигурен дека можеш да преземеш одговорност на ново битие, или ако навистина го сакаш тоа.

Биди нежен

Биди нежен. Малите момчиња сакаат да бидат гушнувани и бакнувани. Немој никогаш да го изгубиш тоа. Кога ти е тешко да се изразиш, прегратката е посилна од секој збор. Ако пријателот или вереничката се тажни, прегрни ги.

Животот не е каталог на Викторија Сикрет

Повеќето жени не носат комплет гаќи и прслук. Вистинските гради паѓаат на страна кога жената ќе легне на грб и не се сосема еднакви. Вистинските жени не се фотошопирани убавици. Стриите се составен дел од животот. Баш како и целулитот, вишокот килограми и влакната.

Јави ми се

Нема секогаш да живееме под ист покрив и многу ќе ми недостасуваш. Знам дека ќе бидеш возбуден заради новиот живот, независноста, слободата, но сакам да ти го слушнам гласот, неколку пати неделно.

 

 

 

www.doktori.mk, 07.02.2015

Последна вест

Најчитани статии - животен стил