Започна темелна реконструкција на Поликлиниката Букурешт

Поликлиниката Букурешт е стара точно 50 години. Никогаш до сега не била реконструирана, па затоа денеска е започната реконструкција која ќе чини околу 24 милиони денари вели Министерот за здравство Никола Тодоров.

Поликлиника Букуреш“, функционира во рамки на ЈЗУ Здравствен дом – Скопје,  и во истата се соберени голем  број специјалистички служби од сите области: интерна медицина, ортопедија,  дерматовенерологија, невропсихијатрија,  физикална медицина и рехабилитација, офталмологија, оториноларингологија и  биохемиски лаборатории. Оваа поликлиника ќе биде реконструирана и уредена како што доликува на една  поликлиника вели министерот Тодоров.  Во оваа поликлиника дневно поминуваат околу 1500 пациенти.

www.doktori.mk, 04.02.2015

Најчитани статии - вести