Неколку совети како да се зголеми количината на семената течност?

Денес ја продолжуваме серијата совети за сексуалното здравје. Ќе ви образложиме неколку совети како да ја зголемите количината на семената течност.

Важна ли е големината на пенисот за количината на семената течност?

Веднаш да го расчистиме тоа, големината на пенисот нема никаква поврзаност со количината на семената течност. Се правеле разни истражувања и никогаш никаква поврзаност не била докажана.

Количината на семената течност е правопропорционална со возбуденоста!

За поголема количина на семена течност морате да изведете квалитетна предигра. орален секс и други секси предигри кои нема да му дозволат да доживее оргазам, но ќе го доближат до тоа, само половина час ваков тип на "измачување" ќе ја зголеми семената течност неколкукратно.

Без секс неколку дена

Особено ако живеете разделено, оваа метода е многу корисна. Ако тој неколку дена се воздржи од мастурбирање, семената течност ќе се зголеми многукратно.

Специјален тип на порно филмови

Мажите кои гледаат порно филмови во кои повеќе мажи задоволуваат една или повеќе жени докажано неколкукратно ја зголемуваат количината на семената течност. Научниците велат дека тоа е праисториски рефлекс, кој се случува како резултат на "конкуренција" мажите произведуваат повеќе семена течност потсвесно за да успеат да доведат до оплодување на жената пред другите. Гледањето на вакви порно филмови мажот ќе го направат поплоден и ќе ја зголемат количината на семената течност.

 

 

www.doktori.mk, 04.02.2015

Последна вест

Најчитани статии - животен стил