Синдром на немирни нозе

студент на медицина

Ова невролошко пореметување подеднакво е присутно и кај двата пола, а се карактеризира со потреба за движење. Зафаќа 10-15 проценти од светската популација и тоа најчесто постари луѓе, но не е исклучено и кај децата. Се карактеризира со нелагодност во долните екстремитети при седење или лежење. Поизразено е во ноќите кога предизвикува проблеми како наспиење, исцрпеност и фрустрација.



Причинител 

За сега, за жал, е непознат. Има повеќе теории како: пореметување на допаминергични рецептори, хиперактивност на симпатикусот, недоволна активност на серотонинот. Ниедна од овие теории не е потврдена.

Кои се симптомите ?

Луѓето зафатени од овој синдром се жалат на болки во  долниот екстремитет при мирување, како на пример при  долги  патувања. Додека спијат, можно е да се јават и  несвесни периодични движења со нозете. Иако оваа болест  сама по себе не е животно загрозувачка, поради исцрпеноста,  доведува до стрес, депресија и анксиозност.


Како се лекува ?

Во некои случаеви доволно е само редовно масирање. Во други случаи се прескрибираат медикаменти: допаминергични лекови, антиепилептици и лекови за смирување. Кај секој поединец потребно е да се пронајде вистинската комбинација на медикаменти која ќе биде делотворна. Од особена важност е луѓето со овој синдром да избегнуваат конзумирање на алкохол,  да не пушат и да не пијат кафе.

 

Дознјате повеќе за Стефан Илиевски>>> 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 02.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина