Што мажите сакаат да им правите после сексот? - Мажите се поемотивни отколку што мислите

Жените после сексот сакаат да се галат, додека мажите едноставно сакаат да си легнат или да запалат цигара. Ова е оној мит кој постојано кружи межу луѓето, а кој е многу далеку од точен. Мажите се далеку поемотивни од она што мислат жените, има неколку работи кои мажите многу повеќе би ги правеле после сексот отколку да си легнат или да запалат цигара.

Според бројни истражувања мажите се поемотивни од жените после сексот, а еве како да ги извадите емоциите од него!

Дајте му комплимент

Мажите многу често се сомневаат дека ве задоволиле во креветот, понекогаш сметаат дека не поминале добро или дека сте разочарани. Затоа понекогаш дајте му комплимент. Дури и се да било вообичаено, кажете му дека оваа вечер ви било едноставно прекрасно, и нагласете му ги позите кои најмногу ви се доаѓаат. Малку ласкање на никому не може да му наштети, а ќе го мотивирате да се докажува повеќе и да ви ги покаже вистинските емоции после сексот. Тогаш ќе сфатите дека мажите не сакаат само да заспијат после сексот.

Заедно на туширање

Мажите обожуваат туширање после секс, дури многу повеќе од жените. Затоа предложете му да се истуширате заедно, за време на туширањето ќе дознаете колку емотивни можат да бидат мажите. Тие понекогаш се плашат да не бараат премногу од вас, затоа вие поведете ја иницијативата.

Измасирајте го

Не мора да имате некоја посебна дарба или образование за масажа. Со самото тоа што сте девојка која имала секс со него сте совршена  за масажа. Измасирајте го на ваш начин, тоа што сексот завршил не значи дека и рацете треба да престанат да работат, за време на масирањето дајте му комплимент, бидете сигурни дека брзо ќе ви врати и ќе останете будни до рани зори. Не заборавајте дека масажата е најдобра од грбот преку градите, особено папокот, сепак избегнувајте ја интимната зона, таа е преосетлива после сексот.

Приближете се до него

Ако не сакате да правите ништо од горенаведеното, а сепак сакате да останете во постелата и да се забавувате и после сексот, едноставно само прилепете се до него. Што поголем дел од вашата кожа нека се допре до неговата. Ова е добар начин да ги разбудите неговите емоции, ќе забележите дека нема да сте вие таа што прва ќе започне со галењето и покажувањето на емоции.


 

www.doktori.mk, 01.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил