Се што треба да знаете за женските брадавици

Колку често сте читале за здравјето на женските брадавици? Што всушност треба да знае секоја жена и секој маж во врска со овој дел од телото на жената?

Истражувањата покажале дека ретко постои женско што е задоволно со своите брадавици. Некои сметаат дека се премали, други дека се преголеми, трети пак не се задоволни од пигментацијата или од некои други слични особини. Некои од научниците сметаат дека неправилно е нивното цензурирање, бидејќи се работи за нешто што секој човек уште од самото раѓање го имал во својата уста, па онаа црна лентичка која се појавува на женските брадавици секогаш кога истите ќе се појават на некој од медиумите според голем број научници е смешно и необјасниво, па поради тоа некои земји во светот, ја укинаа задолжителната цензура на женските гради. Но, како и да е, дали истите треба или не да се цензурираат, ние денес нема да дискутираме, туку ќе дискутираме малку за здравјето на овој дел од женското тело.

Како што веќе напоменавме постојат многу типови на женски брадавици и скоро секоја жена има различен тип на брадавици. Кај некои жени истите се малку вовлечени или изгледаат како да се превртени навнатре, ова не е причина за паника, потребно е да се посоветувате со вашиот лекар во секој случај, но тоа не е сериозно и тие ќе се вратат на своето место до периодот на бременоста. Сепак доколку се јавува исцедок од брадавицата тогаш е потребно да се побара лекарски совет кој ќе оцени дали е потребно понатаму да се направат некакви лабораториски или други типови на испитувања. Сепак мора да нагласиме дека и доколку се јави млечен исцедок или сличен некој тип на исцедок од брадавицата, тоа не значи дека состојбата е сериозна, но потребен е преглед.

Од сексуална гледна точка сигурно дека ќе потврдиме дека брадавиците се најосетливиот дел од женските гради, но дали и колку треба да се допираат зависи од самата жена. Осетливоста, чувството на уживање или болка при допир на брадавиците зависи поединечно од жена до жена, па затоа не можеме да кажеме дали секоја жена ужива при допирање на брадавиците. Мораме да нагласиме и дека набрекнатите брадавици не се секогаш знак за возбуденост. Точно дека при сексуална возбуденост брадавиците набрекнуваат, но тоа може да го предизвика и ладниот воздух, емоционалниот стрес или некои други слични фактори. Понекогаш во пределот на ареолата (пигментираниот дел од брадавицата) може да порасне и некое влакно, ова не е причина за паника и воопшто не треба да се вознемирувате, ако ви пречи пробајте нежно да го отстраните. Ова е честа појава кај жените кои користат контрацептивни таблети.

Сепак мора да ви нагласиме, дека крварење од брадавиците, како и ранички кои се појавуваат и ја деформираат брадавицата се алармантни знаци кои бараат лекарска интервенција, бидејќи можат да бидат поврзани со сериозни состојби во телото. Како и да е брадавиците како и сите други делови на телото си имаат своја намена треба да се негуваат и одржува нормална хигиена. Ако зборуваме за брадавиците кај мажите тие немаат ниту некогаш имале некоја функција, но се машка ерогена зона и воопшто нема да направите грешка ако при сексот им се посветите и нив.

Доктори.мк - Форум за медицина и здравје

Прочитајте повеќе за:

Mиоми на матка и киретажа

Дали сум бремена

Вагинален исцедок

Пап - тест

Хирзутизам - зголемена влакнатост кај жените

 

www.doktori.mk, 31.01.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил